Влатко Лозаноски го покажа синот Марко првпат по 8 месеци, го држи во прегратка и му пее (видео)
- Детали
- четврток, 19 јуни 2025
8 месеци откако во тајност доби син, Влатко Лозаноски - Лозано првпат го покажа бебето.

Лозано сними кратко видео, како најава за својот настап на фестивалот Ohrid Wine Festival, кој ќе се одржи на 28 јуни, а во рацете го држи малиот Марко.
Лозано со љубов гледа во синот и ја пее „Лихнида кајче веслаше“, а потоа ги кани сите да дојдат на неговиот концерт во Охрид.
За потсетување, Марко се роди на 18.10.2024, а пејачот и неговата партнерка една недела го чуваа во тајност раѓањето на бебето.
Тие, претходно не открија ништо ни за нејзината бременост, а Лозано досега јавно не зборуваше ништо за синот, ниту пак сподели негова фотографија, па видеото во кое му пее, е вистинско изненадување за фановите.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
