По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да се заљубиш“

„Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепса и ќе те збудали, во срцето ќе ти остани. Додека кафето мераклиски си го пиеш, сонцето врз асфалтот сјаен, отсјај да прави како чупе битолско пред огледало што се дотерува и сјае...“ Ах, Битола, наша си и прекрасна, а Каролина наша гордост и македонско девојче! И секој вулгарен збор треба најостро да се осуди и санкционира!

po-skandalot-so-fudbalerite-stihovi-za-ubavata-bitola-nea-da-ja-zasakash-i-vo-nea-ludo-da-se-zaljubish-01.jpg

Вардар е новиот шампион на Македонија! „Црвено-црните“ на 15-ти мај во Струга триумфираа со 0-1 и така дојдоа до 12-та титула.

На победата на најтрофејниот македонски клуб дамка фрли скандалот при прославата со пеење на песни со навредлива содржина за Каролина Гочева и Битола.

Во јавноста имаше силни реакции за прославата на шампионската титула на ФК Вардар, на која се пееја навредливите песни.

Од ФФМ порачаа дека ваквите навреди, вулгарности и говор на омраза немаат место во фудбалот и дека ривалството меѓу клубовите треба да биде достоинствено и со меѓусебна почит.

А нашето македонско девојче и еден од нашите најголеми музички амбасадори - не го заслужи ова.

И Каролина и нашата прекрасна Битола, треба да се ценат и сакаат.

po-skandalot-so-karolina-stihovi-za-nejzinata-rodna-bitola-nea-da-ja-zasakash-i-vo-nea-ludo-da-se-zaljubish-07.jpg

Ваква порака осамна и на Фејсбук профилот „Македонска поезија“, каде се упатени најубави стихови за Битола.

Стиховите гласат:

„Неа да ја засакаш
и во неа лудо да се заљубиш,
онака најлудо, дури и да се избезумиш
и од памет да не ја вадиш...
знај, не треба многу.
Еднаш од сабајле да излезиш,
кафе на тој сокак волшебен да испиеш,
ќе те магепса и ќе те збудали,
во срцето ќе ти остани.
Додека кафето мераклиски си го пиеш,
сонцето врз асфалтот сјаен,
отсјај да прави како чупе битолско
пред огледало што се дотерува и сјае.
Минувачи си врват,
секој по своето си тера
и секој со секого поздрав си дава.
Еден ќе поздрави и муабет ќе скрши,
пет чекори ќе стори и со друг ќе застане,
а ти како читател книга што чита
и сиот во неа влегол,
меѓу нив да бидеш,
како спореден лик да ги слушаш
муабети дур плетат.
Мирис на врел ѓеврек
ветерот ќе ти нанесе од некоја фурна,
низ устата плунка ќе бликне
како снег кога се топи
и низ олук тече,
а ти тонеш во убавината
и како да заспиваш во најсладок сон
после сладок ручек и вино црвено.
Тука живееш, а не старееш,
оти сѐ е живо и бавно,
мераклиско и спокојно,
а така е оти никој не те брза
и никој никаде не брза.
И за да не потонеш во сонот,
во книгата што сега се пишува
и веднаш се брише
за само во сеќавањата да остане,
саатот ќе запее само колку да те потсети
дека и навечер е волшебна таа,
со месечината штом се здружат
магија создаваат како во бајка.
Ќе те разбуди саатот колку да те отрезни
за ниту миг да не пропуштиш
од магијата што само таа ја создава.
А навeчер штом во постела ќе легнеш
и од убавини не ќе можеш да заспиеш,
ветерот нејзин нежно ќе дувне
и мирис на молика низ пенџер ќе провне,
за убав сон тебе да ти дари дур таа те гали,
оти утре нов ден е со магија нова.

Мојата Битола“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Златко Јовановски со емотивна исповед: „Доживеав банкрот на 21 година, 6 месеци чекав некој да остав... „Отворав сам секој ден, дотеран зашто чекав клиенти. Секој ден ентузијастич...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg