„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето
- Детали
- понеделник, 02 февруари 2026
Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински врвови, реши да сподели дел од своите неубави искуства. Причината за ова беше празникот Св. Атанас (31 јануари), за кој таа вели дека ѝ е втор роденден, откако пред многу години на овој ден таа преживеала лавина.

Планинарката Ирина Камилоска, која пред да стане мајка се искачи на Хималаи, стигна до врвот Солунска глава на -28 степени Целзиусови, а ги искачи и поголемите врвови низ земјава и неколку низ светот, честопати знае да каже дека ѝ недостигаат планините и дека што малку ќе потпораснат децата, би сакала да им се врати.
И иако вели дека постои нешто волшебно во искачувањето, дека е адреналин кој не се опишува, таа, преку неколку Инстаграм Сторис раскажа и за не толку убавата страна на искачувањето врвови, за страшни ситуации во кои се нашла низ годините и на кои, сега, откако е мајка, гледа поинаку.

Ирина откри дека лавина поминала над неа, дека им се откачило јаже на Хималаи додека слегувале надолу, дека со групата со која искачила еден врв бегале кога виделе траги во снегот од мечка со мали мечиња, а покажа и еден куп исеченици, модрици и повреди кои често ѝ се случувале...
Причината за да сподели дел од своите неубави искуства беше празникот Св. Атанас (31 јануари), за кој Ирина напиша дека ѝ е втор роденден, откако пред многу години токму на овој ден таа преживеала лавина.
Што друго сподели Ирина?
Прво лошо искуство, губење во магла. Тука не станува збор дали ја познавате добро планината, бидејќи мене ми се случи на место каде што сум била, сигурна дека го познавам секое камче...
Чувството да ве стемни во зима на планина, а во маглата да не сте сигурни дека сте на прав пат - не го посакувам на никој.

Бегајќи од мечка со мали мечиња, во група од 5 луѓе од кои три бевме женски, еден од машките се здоби со повреда на зглобот од ногата.
Наравоучение - не бегај од мечка, таа ако сака, секако ќе те стигне.

Кампинг во кулата на Титов врв (2.747m н.в) сама. Зима.
Не баш најдобра идеја. Минимум двајца, секогаш, секаде...

Обид да качам насока во Демир Капија со оцена 6ц. Повеќе обиди. Неуспешни.



