Секој концерт на KRAFTWERK е надреален спектакл, неретко со 3D ефекти за кои требаат и 3D очила, а овој јули ќе имате можност да уживате во нивното шоу во Скопје.
„Еј, другари, браќа, дигнете чаша за спомените…“ – стихови што ја откриваат главната порака на новата песна „Славам“ на музичкиот бенд Некст Тајм, составен од дуото Мартин и Стефан Филиповски.
По години поминати во Лос Анџелес, каде што пишува, создава и соработува со врвни музички професионалци, Боби Андонов отвора ново поглавје во својата кариера со песната „Moment“, односно ново музичко издание на македонски јазик.
Со овој сингл, чиј рефрен гласи „Дај ми надеж дека не сум луда, не сум уште една забава пред сон“, Поповска продолжува да ја гради својата музичка приказна, останувајќи доследна на естетиката што ја негува.
„Го снимив во една луксузна вила на Ибица, со неверојатен поглед кон Ес Ведра, едно од најпознатите и највпечатливи места на островот“, вели Babura Junior за CRNOBELO.com.
Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја претставуваа Македонија на Детската Евровизија 2024, објавија нова преработка на безвременскиот хит „Немир“, во оригинална изведба на Тоше Проески и Каролина Гочева.
Македонската музичка сцена доби уште едно свежо летно издание. Борјан Илковски Боно и Тамара Димчевска Тами ја објавија својата нова песна „Бамба“, заразна поп-денс нумера со модерен урбан звук, динамичен ритам и рефрен што лесно останува во глава уште по првото слушање.
Понекогаш се доволни само неколку ноти за да сфатите дека пред вас е песна што нема да остане незабележана. Токму таква е „Луди и наивни“, првиот заеднички музички проект на Мартинијан Кириловски и Драгана Јовановска, кој од денес е достапен на YouTube и на сите дигитални музички платформи.
Од 2014 до 2019 година, Џос Стоун буквално направи светска турнеја и настапуваше во сите земји во светот, вклучувајќи ги Северна Кореја и Сирија.
Летото секогаш носи нови хитови, но само мал број песни уште од првото слушање успеваат да создадат чувство дека ќе се пеат долго. Токму со таква амбиција пред публиката пристигнува „Балкански регетон“
Едната му носи прстен, другата бурек и јогурт, третата не делува среќна што мора да се „натпреварува“ со уште четири други девојки за љубовта на Дади, зашто мама Миа оценува пет девојки, превртува со очи, му ја средува фризурата и се грижи за своето „синче“.
По неполни четири месеци од нивната преррходна песна, нововозобновеното македонско поп дуо „Коктел“ имаат нова парче музика од својата понуда.
На Меморијалната костурница во Кавадарци е снимен првиот диџеј сет од серијалот на нашиот продуцен и диџеј DULELUD.
„Бочели го слушна дуетот и имаше многу пофални зборови. CNN направи најава каде што ме нарече „македонскиот вокалист Васил“, Битлси (Пол и Ринго) не само што го подржаа дуетот, туку го ставија и на официјалните платформи како Спотифај“, вели Васил Гарванлиев за CRNOBELO.com, откако преработи песна од Битлси.
Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов - спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не песна со видео запис, туку парче уметност.
Тамара Тодевска ја објавува „Дива“, третиот сингл од новиот визуелен албум „Кукла жива“. Станува збор за брза, динамична и летна песна, која носи енергија, став и порака за слобода, самодоверба и женска сила.
Во годината кога одбележуваме 30 години од првиот концерт, решивме дел од прославата да им ја препуштиме на другите. Ја препуштаме
Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, уште на прво слушање е новата музичка приказна на Огнен Здравковски насловена „До неба“ што тој