FOLTIN RE:COMPOSED: Обраќање во прво лице

Во годината кога одбележуваме 30 години од првиот концерт, решивме дел од прославата да им ја препуштиме на другите. Ја препуштаме на пријателите, на музичарите со кои сме се сретнале по патот и на оние што во некој момент влегле во нашата музика, а потоа ја понеле со себе.

foltin-re-composed-obrakjanje-vo-prvo-lice-01.jpg

FOLTIN RE:COMPOSED е албум составен од нови читања на композиции од Фолтин, создадени од музичари од Македонија и регионот. Секој од нив избра по една песна и ја прераскажа на свој начин, низ сопствениот музички јазик, сензибилитет и искуство. Некои песни отпловија во неочекувани правци. Други се вратија поблиску до својот извор. Некои добија ново лице, некои ново срце. И токму тоа е убавината на оваа приказна. Песната еднаш ќе ја пуштиш во светот, а потоа таа почнува да живее свои животи.

Од 29 јуни, секој понеделник во текот на летото, ќе објавуваме по една композиција од проектот FOLTIN RE:COMPOSED. Започнавме со Re:Суперхикс и нивната верзија на "Несоница". Одбројуваме до 6ти јули за наредната RE: композиција. Премиерното емитување ќе биде на радио Метрополис, во шоуто "Маја за подварок и менопауза", со Маја Казакова, а истиот ден композицијата ќе биде достапна и на официјалните музички канали на Фолтин благодарение на Filter Label. По завршувањето на оваа серија дигитални објави, „Re:Composed“ ќе биде објавен и на винил, во соработка со Password Production.

Секоја недела ќе пристигнува по едно ново читање на позната приказна, по еден мал доказ дека добрата музика не завршува кога е создадена, туку продолжува да живее низ оние што ја слушаат, ја сакаат и повторно ја измислуваат.

Имињата ќе ги откриваме едно по едно, како што се собира друштвото, како што доаѓаат старите и новите пријатели... зошто јубилеите не се бројат во години, тие се мерат во луѓето што остануваат покрај тебе.Првата композиција исплива во јавност на 29 јуни, сега одбројуваме до 6ти јули!

Визуелизацијата и на овој роденденски проект е на нашиот добар пријател и реномиран визуелен уметник Зоран Кардула.

Песните повторно тргнуваат на пат. Овојпат, низ туѓи срца, а со истата љубов.

Со почит,

Фолтин

Би можело да ве интересира:

Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
Блаже и Стевче ќе ве освежат со летен, музички „Коктел“ полн копнеж за љубов - „Помисли на мене“ По неполни четири месеци од нивната преррходна песна, нововозобновеното македонс...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Доволно ретро за да биде повеќе од модерно: „Коктел“ од љубовни нежности и комплименти во – „Само ти... Онаму каде што го започнаа своето возобноивено музичко патешествие кон крајот на...
Тамара Волческа не брои до 3 – ново, смело и најзрело издание на нашата пејачка По период во кој постојано е во центарот на вниманието на јавноста, Тамара Волче...
Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци...

Најчитани неделава