Дупер ја оживуваат магијата на „Супер ѕвезда“ во новата песна

По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред само два месеци, поп-дуото Дупер повторно ни носи уште една нова, енергична песна која ја поврзува модерната сцена со едно од најемотивните музички наследства на нашето детство - „Супер ѕвезда“.

duper-ja-ozhivuvaat-magijata-na-super-dzvezda-vo-novata-pesna-01.jpg

Новата песна „Дупер ѕвезда“ зборува за желбата да успееш и да се докажеш, но притоа да останеш приземен и свој во процесот. Приказната е раскажана со онаа нивна препознатлива комбинација на самодоверба, сомнеж и доза хумор.

И визуелно и музички, „Дупер ѕвезда“ се држи до минимализмот. Чист звук и јасна порака. Овојпат без класичен спот, туку со впечатлива и динамична видео-анимација.

Песната е достапна на YouTube и останатите дигитални платформи.

Слушнете ја „Дупер ѕвезда“: 

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Дупер не запираат: Нова песна „На пола пат“ По серијата хитови и засиленото присуство на сцената, дуото Дупер денес точно на...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава