Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео)

Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди свој“, која е целосно отсвирена во живо во студиото „Подрумот“ во Скопје. 

nova-pesna-na-mijata-ti-bidi-svoj-video-01.jpg

Музика, текст и дел од аранжманот се на Мијата, виолината ја отсвире Гоце Вангеловски, на пијаното е Бојан Димитровски, гитари отсвиреа Кире Мирчовски и Јаков Ѓорговски, а бас гитарата и тапаните се на Иво Митковски. 

„За да зазвучи кантри секако моравме да најдеме и бенџо, кое го отсвире Рики Миер од Калифорнија што донесе автентичност и симболизам дека звукот и музиката не познаваат граници.

Аудио инженер и аранжер е Ангел Ќосев со кого веќе неколку пати соработувам“, вели таа. 

nova-pesna-na-mijata-ti-bidi-svoj-video-03.JPG

Видеото е снимено на две локации во Македонија на кои пејачката, вели, се чуствувала енергетски позитивно и силно, а тоа се Пробиштип и Кучково.

Таа е и режисер на спотот. 

„Сакам да се заблагодарам на балетското студио Магија од Пробиштип и самиот град Пробиштип кој несебично ме прегрна и ја прифати мојата идеја за овој видео запис. 

Карпата на Кучково пак, во општина Ѓорче Петров, која е исто така е локација во овој спот, е енергетско светилиште и кој не бил, топло препорачувам да ја посети. 

Самото видео сакав да ја пренесе енрегијата што значи за мене кога јас сум СВОЈА, растеретена од сите предрасуди и норми, едноставно комотна во своја кожа, и да ги поттикнам и моите сограѓани да го пронајдат тоа чуство секој за себе“, додава таа.

nova-pesna-na-mijata-ti-bidi-svoj-video-02.JPG

Погледнете го видеото:

Би можело да ве интересира:

Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...

Најчитани неделава