Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера

„Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска во својата нова песна „Кукла жива“, носечки сингл на истоимениот албум.

tamara-ja-objavi-kukla-zhiva-najlichna-pesna-vo-svojata-kariera-01.jpg

Музиката и текстот се потпишани од Коста Петров и Тамара Тодевска, песната е во продукција на Емин Џијан, додека визуелниот дел е режиран од Мартин Трајановски во Takat Studios.

Станува збор за песна инспирирана од животот и кариерата на Тамара Тодевска, исполнета со успеси и падови, осуди и пофалби, но и со постојаната борба да останеш свој во свет полн со очекувања и предрасуди. Впрочем, во „Кукла жива“ може да се пронајде секоја девојка и жена кои биле принудени да глумат, да не бидат свои, да ги задоволат критериумите на општеството, а не своите потреби и желби.

„Кукла жива“ е песна на мојот живот! Истовремено е и многу моќна, но и автентична, силна и суптилна. „Кукла жива“ не е само мојот живот, тоа е животот на многу девојки, жени, но верувам и мажи - сите принудени да задоволиме наметнати стандарди за успех и квалитет. Ја почувствував уште од првиот момент. Ме расплака, ме врати во живот и ми го покажа патот кон новата ера. Во тоа е моќта на оваа песна“, посочува Тамара.

tamara-ja-objavi-kukla-zhiva-najlichna-pesna-vo-svojata-kariera-02.jpg

Еден од авторите на песната „Кукла жива“, Коста Петров, открива дека за новиот музички проект на Тамара биле создадени повеќе од 30 песни, а во финалниот избор влегле само 10.

„Ако треба да одберам една песна што најдобро ја опишува Тамара како уметник, како жена и како човек – тоа е токму „Кукла жива“. Од повеќе од 30 создадени композиции, токму оваа песна остана онаа што најсилно го дефинира целиот албум и неговата порака“, вели Петров.

„Кукла жива“ е достапна на официјалниот YouTube канал на Тамара Тодевска, а наскоро ќе биде достапна и на сите дигитални музички платформи. 

„Кукла жива“ е насловната композиција од истоимениот албум кој содржи 10 нови песни и претставува прв визуелен албум создаден во Македонија. Во наредниот период Тамара Тодевска ќе ги претстави и останатите песни од проектот, а кулминацијата ќе биде големиот концерт и концертна промоција на албумот на 3. октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира:

Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“ Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg