Тамара Тодевска ја отвора новата ера со „Драма квин“, прв сингл од визуелниот албум „Кукла жива“

Тамара Тодевска е повторно во фокусот на македонската музичка сцена, овојпат со новиот сингл „Драма квин", со кој официјално ја отвора вратата кон нејзиниот нов студиски албум „Кукла жива".

tamara-todevska-ja-otvora-novata-era-so-drama-kvin-prv-singl-od-vizuelniot-album-kukla-zhiva-01.JPG

Песната е потпишана од Коста Петров и самата Тамара, а аранжманот го потпишува Емин Џијан во соработка со ансамбл од над 50 музичари и хор - звук кој јасно зборува за амбицијата и размерот на проектот.

Спотот е снимен во студиото „Takat”, а е во режија на Мартин Трајановски со кој Тамара има работено на повеќе нејзини проекти низ годините.

tamara-todevska-ja-otvora-novata-era-so-drama-kvin-prv-singl-od-vizuelniot-album-kukla-zhiva-02.JPG

„Кукла жива" е албум со 10 нови песни, снимени во целост со живи инструменти, а проектот носи и уште едно историско обележје - тоа е првиот визуелен албум создаден во Македонија.

Во врска со новата песна и целиот музички проект, Тамара посочува:

„Ова е само мал дел од она што следува - албум на кој работат некои од најдобрите музичари во Македонија, комплетно сниман со живи инструменти и песни кои се инспирирани од различни периоди на мојот живот. „Драма квин“ е брза и динамична песна, а навистина уживавме во текот на снимањето на визуелниот дел… На спотот работев со луѓе со кои сум работела и претходно, дел од нив се мои повеќегодишни соработници, но и пријатели, па затоа лесно се разбиравме во креативниот дел и во она што сакаме да го постигнеме како финален производ, не само за оваа песна туку и за останатите“ – посочува таа.

tamara-todevska-ja-otvora-novata-era-so-drama-kvin-prv-singl-od-vizuelniot-album-kukla-zhiva-03.JPG

„Драма Квин" е достапна на официјалниот YouTube канал на Тамара Тодевска а наскоро ќе биде достапен и на сите дигитални музички платформи.

tamara-todevska-ja-otvora-novata-era-so-drama-kvin-prv-singl-od-vizuelniot-album-kukla-zhiva-04.JPG

Инаку, Тамара Тодевска и нејзиниот тим веќе се подготвуваат и за големиот солистички концерт и концертна промоција на албумот „Кукла жива“, која ќе се случи на 3. октомври (сабота) во арената „Борис Трајковски“.

Картите се пуштени во продажба и можат да се набават на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тамара Волческа конечно го покажа момчето?! Тамара Волческа во последно време сè почесто е во центарот на вниманието на јавн...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...

Најчитани неделава