Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“

Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, уште на прво слушање е новата музичка приказна на Огнен Здравковски насловена „До неба“ што тој деновиве ѝ ја претставува на јавноста. Нумерата носи силна емоција, современ звук и атмосфера што долго останува да се врти низ мислите на оние што веќе ја слушнале.

svetski-muzichari-i-balkanska-emocija-ognen-zdravkovski-so-pesna-shto-se-slusha-do-neba-01.JPG

По период исполнет со многу работа, посветеност и музичко созревање, Огнен се враќа со песна која уште по првите тонови освојува со искреноста и енергијата што ја носи. „До неба“ е спој на модерна продукција, балканска емоција и врвна музичка екипа која стои зад целиот проект.

Музиката и аранжманот се дело на Димитар Андоновски, додека текстот го потпишува еден од најпознатите и најбараните текстописци на Балканот – Милан Милетиќ. Видеоспотот е снимен во Белград, под режија на Никола Шуњевиќ и продукцијата Sneak Media.

svetski-muzichari-i-balkanska-emocija-ognen-zdravkovski-so-pesna-shto-se-slusha-do-neba-02.JPG

Посебна тежина на песната ѝ дава и тимот од врвни музичари кои учествуваа во нејзината реализација. Гудачката секција ја отсвирија светски познатите Istanbul Strings од Турција, за бас гитарата беше задолжен Иван Кукиќ, на тапани е Петар Богосављевиќ, кларинетот е дело на Бурхан Буки, а придружните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ, препознатлива по песната „Поноќ“ од филмот за Тома Здравковиќ.

„На песната се работеше повеќе од половина година и долго време стоеше во фиока, затоа што сакавме сè да биде како што треба. „До неба“ за мене не е само нова песна, туку почеток на едно ново музичко поглавје и на многу проекти што следуваат. Наскоро ќе излезе и нова македонска песна, во сосема поинаков стил од сè што сум направил досега, а веќе влеговме и во студио каде што се работи на мојот нов албум, кој, ако даде Господ, ќе излезе следната година. За тимот што работи на албумот засега нема да откривам многу, нека остане изненадување“, вели Огнен.

svetski-muzichari-i-balkanska-emocija-ognen-zdravkovski-so-pesna-shto-se-slusha-do-neba-03.JPG

Со „До неба“, Огнен Здравковски уште еднаш покажува дека искрената емоција и добрата музика секогаш го наоѓаат патот до публиката, а според првите реакции, ова е песна што допрва ќе се слуша.

Уживајте во „До неба“:

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...

Најчитани неделава