Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео)

„Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат својот сон“ - напиша нашата талентирана Тина Русева, за својата прва песна „Своја“, која е моќна и ќе ви стане хит уште на прво слушање. 

nashata-tina-ruseva-ja-objavi-prvata-pesna-svoja-kje-vi-stane-hit-na-prvo-slushanje-video-01.jpg

Уште од првиот пат, кога растури со изведбата на „Do it Like a Dude“ на „The Voice of Germany“, сите ѝ предвидоа блескава кариера на нашата Тина Русева, која подоцна го освои првото место на „The Voice of Europe“.

Талентираната 20-годишна девојка, која е порасната во Струмица, а веќе некое време живее во Германија, сега ја објави својата прва авторска песна на македонски јазик.

„Своја“ е моќна песна која во нејзина изведба звучи маестрално, има забавна нота која тера на движење, а дури и без да го знаете текстот ви доаѓа да ја запеете.

„Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат својот сон“ – напиша Тина за песната, чиј текст и музика се дело на нашиот Ник Буџак, а за аранжманот е задолжен Иван Кукиќ.

Слушнете ја песната на Тина која ќе ви стане хит уште на прво слушање, а ќе ве освои со моќниот вокал:

Прочитајте и Тина Русева за CRNOBELO, откако „растури“ на The Voice: „Не можев да замислам дека ќе добијам толкава љубов“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Бојана Скендеровски со песна што ќе се пее гласно: „Оди си“ е новиот музички адут Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и...
„Ангелски здив“ - нова песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска за ангелите од Кочани Со силна емоција, искрена почит и длабока човечка болка, излезе новата песна „Ан...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...

Најчитани неделава