Браво! Тина Русева победи на The Voice of Europe – освои најмногу гласови од публика

Талентираната Тина Русева од Македонија победи на The Voice of Europe, откако кон крајот на минататa година „растури“ на The Voice of Germany.

tina-ruseva-go-osvoi-mesto-na-the-voice-of-europe-01.jpg

Откако „растури“ на The Voice of Germany кон крајот на минатата година, Тина Русева успеа да се квалификува за финалето на The Voice of Europe каде што го освои првото место.

The Voice of Europe е онлајн натпревар на кој Тина се квалификува благодарение на многуте гласови од нејзините фанови и поддржувачи.

Иако не победи во The Voice of Germany, талентот на Тина не остана незабележан и од шесте натпреварувачи кои влегоа во финалето на The Voice of Europe, таа го освои првото место.

tina-ruseva-go-osvoi-mesto-na-the-voice-of-europe-05.jpg

Гласањето се одвиваше онлајн, преку Инстаграм, каде Тина успеа да собере над 40.000 гласови во период од 24 часа. Односно како што сподели и самата - има најмногу гласови од публика.

Фановите гласаа со лајк на видео од првиот настап на Тина на The Voice of Germany, кога ја испеа Do it Like a Dude од Џеси Џеј – изведба за која многумина коментираа дека и подобра од оригиналот.

Натпреварувачите добиваа поени според бројот на онлајн гласови, како и поени од жири комисија.

Тина го освои првото место со вкупно 2.000 поени.

Прочитајте и: Тина Русева за CRNOBELO, откако „растури“ на The Voice: „Не можев да замислам дека ќе добијам толкава љубов“

tina-ruseva-go-osvoi-mesto-na-the-voice-of-europe-02.jpg

Тина откри дека влегла во топ 6 на The Voice of Europe на 8-ми јануари со Фејсбук објава:

„Овој успех не е случаен! Тоа е резултат на заедничка енергија, доверба и љубов кон музиката.

Секој глас што го добив, секоја порака и секој збор на поддршка ми покажаа дека овој пат не го одам сама. Луѓето препознаа искреност, емоција и вистина и токму тоа ми дава сила да одам понатаму, посилно и похрабро“.

Онлајн гласањето започна вчера (16.01) во 18:00 часот, а заврши денес во исто време.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...

Најчитани неделава