Сопругата на Андреј ДНК со болно сеќавање: „Не сакав да влезам да го препознаам, им кажав не знам дали ќе издржам, а имам малолетна ќерка“

„Ги замолив да не ме форсираат... Препознавањето го изврши најдобриот другар на Андреја, Славко, со којшто секој ден беа заедно. И кога се врати веќе од просторијата, ми се појави една зелена фаца, кадешто сфатив дека тоа е вистина. До последен момент мислев дека ќе го најдам некаде и ме водеше мислата дека е на распит“, вели Наталија, вдовицата на Андреј ДНК.

soprugata-na-andrej-dnk-ne-sakav-da-vlezam-za-da-go-prepoznaam-im-kazhav-ne-znam-dali-kje-izdrzham-a-imam-maloletna-kjerka-01.jpg

Некои болки едноставно не се мерат со зборови, за некои болки едноставно нема доволно зборови, па така по повеќе од една година по кобниот 16.03 и трагедијата во Кочани, сопругата на Андреј од ДНК, Наталија, уште не може да се помири со страшната загуба.

Таа сега и имаше гостување, каде зборуваше за трагедијата.

soprugata-na-andrej-dnk-ne-sakav-da-vlezam-za-da-go-prepoznaam-im-kazhav-ne-znam-dali-kje-izdrzham-a-imam-maloletna-kjerka-07.jpg

Вториот дел од исповедта на Наталија во подкастот на Ландов „Претрес“:

„И кога слушнав за трагедијата мене ни на крај памет не ми беше дека нему нешто му се случило, дека јас залудно ѕвонам...

Пред да почнам со потргата по болниците низ целата нашата држава.

Во моментот пред да тргнам кон Кочани, ги проверив сите болници во Скопје и многу беше чудно што на ниту еден список не беше Андреја.

Сè беше толку хаотично...

soprugata-na-andrej-dnk-ne-sakav-da-vlezam-za-da-go-prepoznaam-im-kazhav-ne-znam-dali-kje-izdrzham-a-imam-maloletna-kjerka-02.jpg

Кога дознав дека не е во Скопје, медиумите некако почнаа да пуштаат информација дека мојот сопруг е дома. Јас не знаев од каде стигнала таа информација и таа информација треба да е веродостојна.

Од Скопје се упативме кон Штип и во Штип додека бевме таму имаше една глетка во болницата, една слика, волонтери од Црвен крст помагаа, имаше луѓе коишто беа во бессознание и ги бараа своите блиски, се читаше еден генерален список и на тој список јас не го слушнав името и презимето на мојот сопруг и се упатив во болницата некој да ми помогне.

За среќа, една сестра ме седна и почна да ми чита од списокот и наиде на име и презиме слично на неговото и вели - Тука е, да не се секираш.

Читам име и презиме и беа различни во неколку букви.

И прашав кој ги запишувал и таа ми рече дека сами ги кажувале своето име и презиме, биле свесни, и јас тогаш сфатив дека тоа не е мојот сопруг и дека настанува збрка.

Истовремено, решавам да се упатиме кон Кочани, бидејќи веќе стана 11 часот претпладне.

Ми ѕвони непознат телефонски број, ми се претставува лице од крим техника, но со чуден, дрзок тон ме прашува – Каде е вашиот сопруг...

Јас му велам јас сум по пат за да го најдам.

soprugata-na-andrej-dnk-ne-sakav-da-vlezam-za-da-go-prepoznaam-im-kazhav-ne-znam-dali-kje-izdrzham-a-imam-maloletna-kjerka-05.jpg

На тоа добив одговор – Кога и да го најдете, да ме побарате на овој број бидејќи треба да даде изјава.

Мојот починат сопруг треба да даде изјава...

Инаку, 10 минути пред јавувањето тие ја наоѓаат мојата адреса, ѕвонат на врата, а во мојот дом беа мојата сестра, ќерка и внука. Таму тие тропаат немилосрдно како мојот сопруг да е криминалец на некој начин, проверуваат да не го криеме.

Како се одвиваа тие настани, за мене беше многу вознемирувачко затоа што не можев сопругот да го лоцирам, а притоа некој упорно вели дека е дома.

Веќе кога пристигнавме во Кочани, мислам дека таа глетка никогаш нема да ја заборавам.. Пред болницата имаше толку многу народ, сите трагаа по своите најмили... Како да беше период на воена криза. Многу неубаво чувство.

Продолжува на следната страница..



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката - тој вели: „Мавни ѝ со рака... Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната но...
Наташа Фигурела: „Сите сакаме пари - јас сум хедонист, сакам луксуз, скапи чанти, убав автомобил“ „Сите сакаме пари... Јас сум хедонист. Сакам убаво да јадам, убаво да шетам... М...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава