Наташа Фигурела: „Сите сакаме пари - јас сум хедонист, сакам луксуз, скапи чанти, убав автомобил“
- Детали
- вторник, 23 декември 2025
„Сите сакаме пари... Јас сум хедонист. Сакам убаво да јадам, убаво да шетам... Мислам баш сакам луксуз, сакам скапи чанти, сакам убав автомобил да возам, значи сакам сè“, вели Наташа Петровска и открива за каква љубов сонува.

Сопственичката на студиото за убавина „Фигурела“, Наташа Петровска, гостуваше во ТВ шоуто STARS на Ивана Јанковска.
Таа искрено проговори на тема својот љубовен живот и стил на живот и за тоа што сака, а што не сака.

Наташа искрено вели:
„Јас знам да се заљубам во милионер и знам да се заљубам во некој што нема.
Јас се заљубувам во душата, а не се заљубувам во парите.

Не сакам лажно да „моралисувам“ и да викам ‘Леле, јас...’
Не! Сите сакаме пари, сите сакаме... Јас сум хедонист. Јас сум Бик во хороскоп.

Сакам убаво да јадам, убаво да шетам... Мислам баш сакам луксуз, сакам скапи чанти, сакам убав автомобил да возам, значи сакам сè.

Ако јас тоа сама не можам да си го дозволам, можеби ќе ми годи кога некој ќе ми помогне. Ама кога веќе можам сама да си го дозволам тоа, мене ми е битно да имам партнер којшто ќе ме надополни емотивно.

Проблем е кај мажите кога немаат. Они се исфрустрирани и знаат да те малтретираат од тој аспект.
