Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако знам дека нема да заврне“
- Детали
- недела, 31 мај 2026
Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија во тешки финансиски услови, неретко вели: „Од овој аспект често знам да си речам ‘Алал да ми е’“. Сега се наврати на еден спомен од Охрид... Инаку, за Андрија таа вели: „Во 2012-та ми се смени животот комплетно. Запознав човек што го сакам повеќе од себе!“

Миа Костова неретко знае да се пофали самата себеси за тоа колку добро низ животот се справувала и се справува со улогата – самохрана мајка.
Таа сподели стара фотографија со синот Андрија, и со пример како штедела за патики, откри колку предизвикувачки ѝ бил моментот со финансиите некогаш.

Миа во описот на фотографијата на Инстаграм пишува:
„Пред 10-тина години во Охрид, со ѓевречето на глава (фризурата) и она што го памтам чисто е дека собрав пари да си купам Старки.
Толку ги пазев и ги сакав што ги носев само ако знам дека нема да заврне.
Имам некои 10 килограми помалку“.

Во едно интервју таа искрено проговори и за тоа дали и колку помош имала при растењето на Андрија:
„Таква беше ситуацијата. Не бев јас во фокусот, едноставно. Моите родители се оставија, сестра ми остана со татко ми, мајка ми замина да живее во Охрид и јас бев со бебето сама.
Финансиски немале можност никогаш да ми помогнат, а морално и физички, едноставно кој колку можеше.

Мајка ми знаеше да дојде еднаш во два месеци, знаеше да го земе Андрија еднаш во три месеци во Охрид на 5-6 дена, меѓутоа не беше така некој да ти е константно тука, да ти се најде, да ти помогне за јас да можам да работам, да одам на повеќе работни места без да ми е пренапорно.
Од овој аспект често знам да си речам ‘Алал да ми е’.“

