Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тетоважи“
- Детали
- петок, 19 септември 2025
„Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. Вистината за миграција на истите и лице како касано од оси е точна. Јас лично не ги користам. Користам само скин бустери и ботокс“, вели Миа Костова и споделува низа детали околу својот изглед.

Миа Костова постојано отворено зборува на различни теми, а сега одговараше на низа прашања од своите следбеници на Инстаграм
Голем дел од нив се однесуваат на нејзиниот изглед.
Од ботокс до тетоважи, таа искрено споделува...
На колку години почна да ставаш ботокс?
„Ботокс почнав да ставам на 30 години, а на сликава имам 29.
Ботокс се става кога има потреба од тоа, а не кога ќе наполниш некои години. Кога се појавуваат брчки, без да правите мимики на лицето, тогаш е време за ботокс.
Кој сака - сака кој не, да е жив и здрав!“

Дали се каеш за некоја тетоважа?
„Да! Се каам за некои импулсивно ставени тетоважи, кога не сум имала поима што ставам.
Реално тие се можеби најстарите. Тетовираната рака си ја обожавам до ден денес, ама ете како совет, ако решите да се тетовирате, правете го тоа после 25-тата“.

На тема филери вели...
„Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат.
Вистината за миграција на истите и лице како касано од оси е точна.
Јас лично не ги користам. Користам само скин бустери и ботокс.
При тоа, никогаш не сум сакала филери за вилична коска, шпицести бради и менување фаца како да си од Марс.
Отсекогаш ми било одвратно. Ама и тоа како и сè друго - на кој му се допаѓа, нека си користи“.

На тема целулит...
„Не постои магија ни во крема, ни во третмани. Магијата е во истрајност и откажување од удобен кревет и храна.
Сите имаме целулит ако ти е од помош, но, ако мислиш дека ќе платиш и ќе го нема - тоа не постои.
Сè може да е од помош, но твојот карактер мора да го вклучиш во процесот“.

