Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тетоважи“
На тема дали може да има негативни ефекти (нус појави) од ботокс...
„Може! И тоа ужасни!
Затоа е многу важно да знаете каде аплицирате и што аплицирате.
Ако аплицира нестручно лице, може да имате последици кои не се оправаат со месеци, може да имате сериозни реакции од лош ботокс, кои не дај боже може да се многу страшни.
Не се боцкајте по салончиња и соби по станови.
Инаку, ботокс е пегла - ако почнеш да го користиш на време. Така што пегла сè.
Ако се користи правилно трае 5-6 месеци. Не се пребоцкувајте кога ќе почувствувате први знаци на заминување на дејство, ако сакате да трае.
Два пати годишно е сосема ок’.

Дали имаш правено третман за стрии и каде?
„Не, прво воопшто не ми сметаат, второ не верувам во третмани од типот не постои такво нешто да ја снема, тоа е пукната кожа и се вади само со нож, сè останато е намалување на видливоста, во која не гледам поента“.

За комплиментите дека изгледа младешки вели...
„На 30 изгледав многу повозрасна.
Понекогаш многу е важно и како се чувствуваш и како се носиш и како се доживуваш. Си ја сакам секоја фаза и благодарам за комплиментите“.

