Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна“

„Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутиите со накит со кои обожаваше да игра, да го кренам во раце и да му ја сменам пелената. Во истиот момент на лепење втора лепенка да се покака и да ми се насмее. Уживајте во хаосот, ќе ви недостига“ - напиша Миа и направи споредба помеѓу сегашниот дом и оној во кој го растела синот. 

mia-kostova-se-potseti-na-haosot-vo-domot-kade-go-rastela-andrija-sakam-da-se-vratam-vo-taa-dnevna-01.jpg 

Миа Костова е горда мајка на 12-годишниот Андрија и на социјалните мрежи често споделува моменти од нејзиното патешествие наречено родителство.

Таа во најголем дел го има одгледано синот сама, а животот ја има научено на многу лекции.

Иако не била секогаш во идеална животна ситуација, денес нескромно се фали дека успеала да достигне ниво кое ѝ овозможува лагоден живот.

Заедно со Андрија и со Тијана живеат во топло уреден дом, во кои преовладуваат топли бои, камин и убав мебел за опуштање.

Но, по коментарите од многу мајки на мали деца, кои се воодушевувале на средениот стан кој често го споделува, таа се потсети на моментите кога и нејзиното дете било мало.

mia-kostova-se-potseti-na-haosot-vo-domot-kade-go-rastela-andrija-sakam-da-se-vratam-vo-taa-dnevna-03.jpg

Таа сподели фотографија од станот во кој живеела кога Андрија бил бебе и од хаосот кој е сосема нормален за таква фаза од животот.

Како порака до сите родители, напиша:

Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутиите со накит со кои обожаваше да игра, да го кренам во раце и да му ја сменам пелената.

Во истиот момент на лепење втора лепенка да се покака и да ми се насмее ко да знае дека ме зае*ава.

Многу брзо ќе се поголеми од вас и фала му на Бога, а природата прави да не памтиш ништо од ова. Само како некој да ти го сменил бебето со голем човек.

Уживајте во хаосот, ќе ви недостига“.

mia-kostova-se-potseti-na-haosot-vo-domot-kade-go-rastela-andrija-sakam-da-se-vratam-vo-taa-dnevna-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Миа Костова објави стара фотка со синот: „На 41 година изгледам подобро отколку на 30“ „Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg