Миа Костова објави стара фотка со синот: „На 41 година изгледам подобро отколку на 30“

„Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од моите 30, на 41. Ако е утеха, млада мајка секогаш изгледа полошо од онаа што не вари брокули и бејби биф во 7:40 сабајле...“ - напиша Миа во опис на ретро новогодишна фотка со синот и направи споредба на својот изглед. 

mia-kostova-objavi-stara-fotka-na-41-godina-izgledam-podobro-od-na-35-01.jpg

Нашата водителка и инфлуенсерка Миа Костова на 41 година изгледа подобро од кога било.

Таа внимава на исхраната и калориите, затоа што како што вели, лесно се дебелее, но и веќе подолг период активно вежба со личен тренер кој се грижи за нејзиното фит тело.

Миа признава дека користи ботокс, кој првпат го има аплицирано од своите 30 години, но и добро го негува своето лице со соодветни препарати.

На Инстаграм Стори таа објави ретро новогодишна фотографија со нејзиниот син Андрија, кој денес има 13 години и веќе води грижа за својот здрав и фит изглед, на што таа е горда. 

mia-kostova-objavi-stara-fotka-na-41-godina-izgledam-podobro-od-na-35-04.jpg

„Еднаш имав бебе и еднаш имав 30... Денес имам дечко голем и изгледам подобро од моите 30, на 41.

Ако е утеха, млада мајка секогаш изгледа полошо од онаа што не вари брокули и бејби биф во 7:40 сабајле, со турско кафе што ѝ протекло трипати“ – напиша во описот.

mia-kostova-objavi-stara-fotka-na-41-godina-izgledam-podobro-od-na-35-03.jpg

На своите следбеници Миа честопати им споделува свои постари фотографии, со кои сака да покаже дека годините не значат ништо и дека сега изгледа многу подобро и помладолико отколку на помлади години.

„Ботокс почнав да ставам на 30 години, а на сликава имам 29.

Ботокс се става кога има потреба од тоа, а не кога ќе наполниш некои години. Кога се појавуваат брчки, без да правите мимики на лицето, тогаш е време за ботокс.

Кој сака - сака кој не, да е жив и здрав!“ - напиша таа во една прилика. 

mia-kostova-objavi-stara-fotka-na-41-godina-izgledam-podobro-od-na-35-02.jpg

Прочитајте и Миа Костова за стилот и убавината: „Ботокс ставам двапати годишно, мразам кардио вежби и пешачење“

Повеќе нови фотографии од Миа:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...
Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...
Миа Костова и Тијана Скулиќ си купија плацеви во Соње една до друга: „На здравје со сосетката“ Миа Костова си купи плац во Соње, а веднаш до неа и Тијана Скулиќ која вели: „На...
Mиа Костова објави фотка од татко му на Андрија, без да го покаже лицето - па се соочи со бизарни ко... „А колку ве има љубопитни и нервозни дека немате увид на кој личи Андрија... На ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg