Миа Костова: „Не се сликам цела на плажа - имам и целулит и стрии, далеку сум од згодна, но задоволна сум од себе“
- Детали
- понеделник, 08 јуни 2026
„Тоа што не се сликам по плажи и не сликам нозе ви е доволен доказ за мојата несигурност и тоа дека стварно имам очи да видам како изгледам во купачи. Задоволна сум од себе, но далеку од згодна. Имам и целулит и стрии и липедема на потколеница. Затоа немојте да идеализирате тела на Инстаграм“ - вели искрено Миа Костова.

Пред 2 години, нашата водителка и инфлуенсерка Миа Костова, ослабе 17kg и оттогаш внимава на своето тело кое го доведе до одлична форма.
Таа постојано вели дека нема никаква посебна диета и дека само пронашла начин кој најмногу ѝ одговара на неа, но тоа не значи дека го препорачува секому.

Во изминатиот период, Миа се труди редовно да вежба, со што ги инспирира и своите следбеници, но направи и липосукција за отстранување вишок кожа и масно ткиво на долниот дел од стомакот.
Како вљубеник во летото и морето, Костова веќе ја отвори сезоната на одмори, беше во Шпанија и во Грција и позираше во своите модни аутфити за на плажа.
Додека се подготвуваше за својот одмор во камп, Миа отвори прозорче за прашања, а помеѓу многуте теми кои ги мачат нејзините фанови, беше и прашањето:
„Ќе ни покажеш ли да видиме колку си згодна на плажа после толку вложен труд и работа на тоа поле?“
Како и секогаш, таа е целосно искрена, без да се обидува да покажува лажна совршеност и вели:
„Жени, далеку сум од згодна и точно е дека изгледам пристојно кога сум облечена дури и во тесно.
Тоа што не се сликам по плажи и не сликам нозе ви е доволен доказ за мојата несигурност и тоа дека стварно имам очи да видам како изгледам во купачи.
Освен што внимавам на храна и подзавежбувам, што не носи резултати за на ревија, ништо не се сменило во последниве години.

Задоволна сум од себе, но далеку од згодна. Имам и целулит и стрии и липедема на потколеница.
Најчесто се облекувам според сопственото тело. Имам многу тенок и убав струк, послаб стомак, па и точно знам како се сликам.
Затоа немојте да идеализирате тела на Инстаграм“

На прашањето за совет за слабеење, таа повторно го кажува својот начин и вели дека не е експерт, туку само нашла нешто што неа ѝ помогнало:
„Не знам дечки не сум јас експерт за слабеење. Јас сум си го нашла својот начин, претежно сум фокусирана на здрава храна и калории. Немам друга филозофија.
Ако сум претерала ден-два, знам да изедам три патлиџани денес. Ама тоа сум јас, и не препорачувам. Поентата на слабеење е да се движиш и да си малце гладен. Тоа би било тоа“.

M. M. | Црнобело