Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите од среќа“
- Детали
- среда, 10 јуни 2026
„Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од романтичен филм. Декорацијата, погледот кон езерото и атмосферата беа магични, сите луѓе гледаа во нас... Во моментот кога тој клекна на едно колено и го отвори кутивчето со прстенот, времето како да запре“, вели Ангела од Скопје, која заедно со саканиот Никола, ни раскажаа за запросувањето во Св. Наум.

Ангела (25) и Николче (31) од Скопје се во врска 7 месеци, но од првиот момент знаеле дека не станува збор за нешто минливо, туку за љубов која има иднина.
И тоа си го потврдија со запросувањето на Св. Наум, кога Николче клекна на колено пред саканата и ја побара за своја сопруга, а таа по неколку секунди збунетотст, рече „ДА“.

За романтичното изненадување близу Охрид, Ангела и Никола ги раскажаа своите приказни за CRNOBELO.com:
„Нашата љубовна приказна започна пред 7 месеци, а денес можам да кажам дека секој ден поминат заедно беше чекор кон моментот што засекогаш ќе го паметам.
Од самиот почеток знаевме дека ова не е минлива љубов, туку врска во која двајцата гледавме иднина.
Се познававме многу одаммна, но немавме некој посебен контакт, сè додека не одлучив да му одговорам на неговата порака и сè се промени.

Отсекогаш сум верувала дека најубавите моменти во животот доаѓаат кога најмалку ги очекуваш. Така беше и тој ден во Охрид, покрај прекрасниот Св. Наум Охридски...
Сонцето нежно го осветлуваше езерото, а јас мислев дека нè очекува уште една убава прошетка и заеднички спомен. Немав претстава дека ќе стане еден од најважните денови во мојот живот.
Ние двајцата сакаме да истражуваме нови места и постојано гледаме да ги искористиме слободните денови во некоја нова авантура.

Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од романтичен филм.
Декорацијата, погледот кон езерото и атмосферата беа магични, но сè уште не сфаќав што се случува. Сите луѓе околу гледаа во нас...
Во моментот кога тој клекна на едно колено и го отвори кутивчето со прстенот, времето како да запре.

Срцето ми чукаше толку силно што не слушав ништо друго освен сопствените емоции.
Бев преплавена од среќа, возбуда и неверување. Солзите сами ми потекоа, а насмевката не можев да ја сокријам.
Во тој момент имаше премногу луѓе околу, дел беа туристи, дел беа дечиња на екскурзија. Сите силно ни аплаудираа.
