Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите од среќа“

Иако претходно сме разговарале за нашата иднина и за бракот како природен чекор во нашата врска, самиот чин беше прекрасно изненадување.

Најубаво од сè беше што во тој момент не видов ниту декорации, ниту луѓе околу нас - го видов само човекот со кој сакам да ги поминам сите идни поглавја од животот.

Одговорот беше едноставен, но дојде од дното на моето срце: „Да!“

Прстенот е прекрасен и го носам со огромна гордост, но неговата вистинска вредност е во љубовта, посветеноста и ветувањето што ги симболизира.

nikolche-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-angela-na-sv-naum-zaedno-sme-7-meseci-i-se-nasolzija-ochite-od-srekja-07.jpeg

Првите луѓе на кои им ја соопштивме веста беа нашите најблиски. Нивната радост беше исто толку голема колку и нашата, а телефоните не престануваа да ѕвонат од честитки и убави желби.

Сега со нетрпение го очекуваме денот кога ќе го кажеме судбоносното „да“ пред нашите семејства и пријатели.

Но, без разлика кога ќе биде свадбата, за мене најважно е што го пронајдов човекот со кого сакам да го поминам остатокот од животот.

Ова не беше само запросување. Ова беше почеток на нашето засекогаш“, раскажа Ангела.

nikolche-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-angela-na-sv-naum-zaedno-sme-7-meseci-i-se-nasolzija-ochite-od-srekja-08.jpeg

Никола, пак, вели:

„Од самиот почеток знаев дека Ангела е личноста со која сакам да го поминам остатокот од својот живот.

Се чувствувам како да сме заедно цела вечност, а не 7месеци.

Сè толку брзо поминува што знаев дека нема потреба повеќе да губиме време, туку да целиме кон поубавите работи што ни следуваат во животот.

nikolche-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-angela-na-sv-naum-zaedno-sme-7-meseci-i-se-nasolzija-ochite-od-srekja-09.jpeg

Запросувањето го планирав неколку недели.

Сакав сè да биде совршено и да остане спомен за цел живот.

Иако бев сигурен во нејзиниот одговор, сепак имав огромна трема.

Во моментот кога требаше да клекнам на колено, срцето ми чукаше побрзо од кога било.

Кога ги видов солзите во нејзините очи, се зголемија и моите емоции.

Искрено, Ангела не очекуваше дека баш тогаш ќе ја запросам и затоа успеав целосно да ја изненадам.

Претходно, речиси секогаш кога ќе одевме некаде за викенд или на некое убаво место, на шега ѝ велев: Спремај се, сега ќе те запросам.

Со текот на времето таа се навикна на тие мои шеги и престана да се сомнева.

Кога го испланирав вистинското запросување, знаев дека тоа ќе ми биде најголемата предност.

Таа мислеше дека и овој пат се работи за обичен излет и немаше никаква претстава што ја очекува.

nikolche-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-angela-na-sv-naum-zaedno-sme-7-meseci-i-se-nasolzija-ochite-od-srekja-10.jpeg

Во моментот кога клекнав на колено и го извадив прстенот, ја видов нејзината искрена изненаденост.

Неколку секунди беше без зборови, а потоа следуваа многу големи солзи радосници и најубавото „Да“ што сум можел да го посакам.

За самиот момент најголема заслуга има сестра ѝ на Ангела, Ивона.

Заедно го испланиравме целото запросување во тајност и ми помогна сè да изгледа совршено.

Таа се погрижи Ангела да не се посомнева во ништо, а јас само се надевав дека ќе успееме да ја изненадиме.

За среќа, планот успеа целосно, а нејзината реакција беше токму онаква каква што посакував.

nikolche-od-skopje-ja-zaprosi-sakanata-angela-na-sv-naum-zaedno-sme-7-meseci-i-se-nasolzija-ochite-od-srekja-11.jpeg

Никола, Филип и Стефи исто беа вклучени во целата подготовка и ѝ помагаа на Ивона, ни направија прекрасни фотографии и спомени за цел живот.

Многу сме им благодарни за се што направија за нас!

При изборот на прстенот ми помогнаа истите луѓе, кои исто добро го познаваат нејзиниот вкус како и јас.

Мерката беше точно земена што не можеше подобро да биде.

Најважно ми беше да ѝ се допадне, а кога го видов нејзиниот поглед и насмевка, знаев дека сум го направил вистинскиот избор.

Посакуваме на сите што сè уште не се верени, што побрзо да се одлучат бидејќи среќата и моментот тешко се опишуваат со зборови.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава