Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што сум го посакувал“

„Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе од вчера, секој ден“, напиша нашиот саксофоност, кој слави 3 години во брак со сопругата Наташа.

goran-papaz-so-romantichna-poraka-za-soprugata-sovrshenstvo-moe-ti-si-mnogu-povekje-od-toa-shto-sum-go-posakuval-01.jpg

Саксофонистот Горан Папаз и неговата сопруга Наташа прославуваат 3 години во брак.

Парот неодамна доби тројка, па овој пат, за да ѝ ја честита годишнината од свадба на сопругата, Горан сподели две фотки на Инстаграм.

goran-papaz-so-romantichna-poraka-za-soprugata-sovrshenstvo-moe-ti-si-mnogu-povekje-od-toa-shto-sum-go-posakuval-02.jpg 

На едната е Наташа на денот на нивната венчавка, во невестински фустан, а на другата се нивните три деца и синот на Горан од првиот брак.

„Среќна годишнина совршенство мое. Ти си многу повеќе од тоа што сум го посакувал во животот, и не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе од вчера, секој ден.

Ти благодарам што постоиш, што ме правиш најсреќен, најсмирен и најисполнет.

Те сакаме сите петмина бескрајно!“, пишува во емотивната љубовна порака од Папаз.

Погледнете повеќе фотографии:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава