Копија на тато: Адријан Гаџа објави први фотки со синот, три месеци по неговото раѓање
- Детали
- четврток, 23 јули 2026
На првите фотки со синот, Адријан го држи во раце, а бебето е насмеано и ужива во прегратката на пејачот.

Адријан Гаџа е горд татко. Скоро три месеци откако се роди неговиот син, тој објави први фотки со бебето на социјалните мрежи.
Синчето на Адријан е негова копија, но се чини дека го зело најубавото и од пејачот и од неговата сакана.

Адријан го држи синот во раце, а тој, пак, со широка насмевка, ужива во неговата прегратка.
За потсетување, Адријан стана татко на 8 мај, а само неколку месеци претходно објави фотографии со својата девојка.

Тогаш парот беше на вечерата со нивните семејства, за да ја прослават љубовта, но и скорешното раѓање на бебето.

А. Ј. | Црнобело