Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што ме трогна“

„Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, но на најомразениот, онојшто порано го преминував секој ден и душа ми вадеше, видов пешачки претворен во сцена, и девојка која ми подари и едно ливче со порака, ме трогна...“, вели Јасна Шоптрајанова и нè потсетува и на убавата страна на животот во Скопје

jasna-od-skopje-so-pozitiva-na-denot-na-najomrazeniot-semafor-shto-dusha-mi-vadi-dobi-poraka-shto-me-trogna-01.jpgфото (десно): Боро Арсовски

Скопје живее тешки денови, но не смееме да заборавиме дека среде сивилото кое го искусуваме има и светли точки, а токму таква ситуација сподели и скопјанката Јасна Шоптрајанова на својот Фејсбук профил.

Јасна, по професија преведувачка, ја познаваме и како активна граѓанка и културна работничка.

Taa секоја година е дел од настани за подигнување на јавната свест на многу теми, како што е настанот за подигање на свеста за аутизам (фотографија горе десно), покренат и воден од Денис Јанкуловски – Космонаутко. Во рамки на тој настан, Јасна секоја година го води музичкото катче, каде посетителите и волонтерите пеат и танцуваат.

Јасна откри дека минатата седмица на најомразениот семафор во Скопје ја дочекало позитива на денот и порака која долго ќе ја памети.

jasna-od-skopje-so-pozitiva-na-denot-na-najomrazeniot-semafor-shto-dusha-mi-vadi-dobi-poraka-shto-me-trogna-02.jpg

Нејзината објава гласи:

„Познато е колку ги рантам семафорите, и апсолутно со право, стварно не разбирам ни која е идејата, ни кој е алгоритамот според кој ги програмирале. За пешаците е најлошо, но и за автомобилите е неоптимално.

Тргам утрово од парк кон Водно, со планиран стрес, ноооооооооо....

На најомрзнатиот семафор што порано го преминував секој ден и душа ми вадеше, го гледам ова.

Пешачкиот претворен во сцена.

Се вика Нериња, уметница и патувачка од Аргентина. Тука е во моментов, да ни подари утрински бои и радост.

jasna-od-skopje-so-pozitiva-na-denot-na-najomrazeniot-semafor-shto-dusha-mi-vadi-dobi-poraka-shto-me-trogna-04.jpg

Ми подари и едно ливче со порака, ме трогна, ја примив и го предадов ливчето натаму.

Ако некој ја знае или ја сретне денес, молам да ми јави контакт, сакам и јас да ѝ подарам нешто“.

jasna-od-skopje-so-pozitiva-na-denot-na-najomrazeniot-semafor-shto-dusha-mi-vadi-dobiv-poraka-shto-me-trogna-001.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава