„На 25 дена пред операција се гушам“ - Македонските познати личности полни со револт од загадениот воздух

 „Не отворив ниту врата, ниту прозорец цел ден затоа што на скоро 25 дена пред закажана операцијата чувствувам мирис и смрдеа.... Почнав да се гушам при најмалото отворање на прозорец на три секунди“, вели Весна Петрушевска.  „Магариња на куп. Тоа сме. Магариња што веруваат во случајни пожари и запалени депонии во 20 дена“, пишува Миа Костова.

na-kjerka-mi-i-pronajdoa-22-pati-povekje-olovo-od-dozvolenoto-makedonskite-poznati-lichnosti-izrevoltirani-se-oglasija-za-zagadeniot-vozduh-01.jpg

Скопје живее едни од најтешките денови... Гори насекаде, горат депонии, согорува токсичен отпад, дишеме отров и буквално мириса на смрт.

Исплашени, беспомошни, бессони, без сигурност на кому можеме да се обратиме и кој може да ни помогне.

Исплашени за себе, уште повеќе за иднината на нашите деца, некои од нас за првпат во животот помислуваме на авионски билет во еден правец, подалеку од родното место, од Македонија.

И познатите личности отворено говорат низ каков хорор минуваат и отворено испраќаат апел.

Нивните објави кои се надеваме дека ќе допрат до ушите на оние кои имаат моќ да променат нешто во нашата држава:

Зоран Кардула, графички дизајнер и уметник

„Колку е СТРАШНО и ОПАСНО ова што го дишеме, а подоцна и ќе го јадеме ќе ви посочам низ личен пример...

Во 2009 година правевме анализи во САД и резултатите кои ги добивме беа страшни. На ќерка ми Ерато тогаш на 3 години и пронајдоа 22 пати повеќе олово од дозволеното.

Најстрашно беше дека според нив тоа олово е внесено преку дишење.

После тоа следеа 4 години многу ама многу тежок период и за Ерато и за нас, Правевме детоксификација, ригорозна диета без глутен, без казаин, без шеќери, плус 2 месеци хипербарна комора двапати на ден по еден час и после 4 години успеавме да го доведеме оловото до прифатливи вредности за некој кој живее во урбана средина, но штетата веќе ја имаше направено.

Се надевам никогаш нема да имате прилика такви резултати да прочитате за вашите деца, но како и со кое темпо тераме и колку од тогаш е позагадено веројатноста е мала за тоа.

Затоа размислете малку, џабе ви се сите пари, тендери, функции, удирање во гради колку сте патриоти кога дишете и вие и вашите деца отров!!!

Ситуацијата е повеќе од алармантна, но загрижува фактот дека всушност немаме институции кои имаат капацитет да го решат проблемот.

Луѓе со купени дипломи и партиски војни“.

Ксенија Николова, писателка

Ми пишува една другарка од друга земја и ме прашува како е во Скопје, прочитала нешто дека имаме проблем со воздухот и дека е опасно загадено.

Ѝ велам - да, така е, но така е веќе некое време, можеби цело време.

Таа ми вели - мора да се најде некое решение, па не можете така да живеете.

Јас губам текст, не знам што да напишам, па ја променив темата.

Нормализирани ми се многу работи, знам, ама и надежта не можам да ја уловам, таа надеж што секогаш секаде успевам да ја најдам, сега не сум сигурна дека можам.

Се чувствувам беспомошно, глупаво, виновно, изиграно, смешно, очајно, но можеби еден збор најдобро тоа би го опишал - засрамено.

Засрамена сум, од себе, од сето ова, од сите нас, од овој формат на функционирање, што ли е, не знам.

Засрамена сум и секојпат кога ќе ја исправам главата нагоре, таа самата паѓа надолу, од срам“.

Миа Костова, водителка и инфлуенсерка

Магариња на куп. Тоа сме. Собрани магариња кои ќе коментираат под објави на некој кој се справуваше со кризи ко тодлер со собирање играчки.

Магариња што веруваат во случајни пожари и запалени депонии во 20 дена. Уште фалеше да напишат дека жителите на Трубарево ќе живеат на Халкидики до декември… Грозни психопати!

Да имам можност сите државни пари би ги насочила кон справување со криза, конкретни мерки, школи, трудни, болни… после тоа, од петни жили ќе дадам сѐ од себе да му ги подарам на народот на микрофони оние кои палат, да раскажат зошто и кој ги плаќа, па да сведочиме каменување како во старо време да никој никогаш не си дозволи да посегне по деца за гласови по општини и да има сила одозгора да дава насоки за справување со криза.

Овие психопати се до нас, утре ќе не кољаат и по автобуси ако дозволиме да се правиме наудрени дека депонии се палат со лоша мисла.

И доста се справуваме со кризи по портали… Доста! Справете се со конкретни мерки, без статуси, без видеа кој бил таму во 2 по полноќ. Справете се да не може никој да има мислење“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Познати Македонци кои го започнаа лето 2025 со одмор во Турција – водни лудории со деца, уживање во ... Лила Филиповска се забавува и се качи на фламинго за време на одморот во Бодрум,...
Атрактивни во бикини - Кои познати Македонки ја почнаа летната сезона во мај? „Плажа и уживање. Толку“, напиша водителката Ивана Јанковска, која е една од нек...
Бакнежи пред полноќ, кадри од домот - Како познатите Македонци ја честитаа Нова година? „Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде… Но, 3...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Елена Ристеска во каубојски аутфит, Татјана Лазаревска и Новица вљубени во Будва: Што прават нашите ... Татјана Лазаревска со сопругот Новица и синовите ужива еден месец во Македонија,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg