„На 25 дена пред операција се гушам“ - Македонските познати личности полни со револт од загадениот воздух
Весна Петрушевска, актерка
„Не отворив ниту врата, ниту прозорец цел ден затоа што на скоро 25 дена пред закажана операцијата чувствувам мирис и смрдеа....
Почнав да се гушам при најмалото отворање на прозорец на три секунди.
Јас пред три години јавно пишував, снимав во мојата авторска еколошка емисија токму за депониите и тоа каде се пали електронскиот отпад и дека ѓубрето се увезува кај нас од комшиите.
Никој екологија не го интересира сè до овој момент кога има реално катастрофа.
Кога екологијата ќе биде приоритет тогаш сме сериозен народ и држава.
Намерно ги режирав видеата со деца за да ви текне.
Цела Македонија е полна со ѓубре. Ама има на јутјуб 200 прегледи.
Не е скандал, не е афера па не ви е интересно.
Еве ви линк и да ги гледате видеата кои се патем врвни, не дека се мои“.


Eдна од емисиите на Весна, на тема електронски отпад:
Ина МногуФина
„Ова е период од годината кога Скопје треба да мириса само на ајвар. Кога веќе дознавме дека некој издавал дозволи за чување опасен отпад до училишта во населени места, кога веќе дознавме дека едни те исти ги палат едни те исти депонии со години, кога веќе се убедивме дека Дрисла не знаат да ја водат и увезуваме ѓубре од надвор да се гори тука ко да сме контејнерот на регионот, кога веќе знаеме дека сето ова го дишеме, дајте барем во иднина да не се лажеме со муабети дека смрди и печат очи од домаќинствата или од старите коли и од тоа е загадено Скопје.
Загадено е од тоа што им се дозволува на некои да си тераат бизниси со ѓубре, загадено е зошто тоа вработените таму ништо не работат, загадено е од што државата иде у лер и чат пат негде нешто ќе се случи, ко Кочани или Трубарево и по не знам кој пат сме во шок дека буквално може да се земе дозвола и за нелогични работи на некаков начин.
Е сега, кога веќе почна да смрди целата работа, ред е да се каже кој даде дозвола за оваков отпад до школо, да се влезе у тоа Министерство и да се прочешла за што све имаат дадено дозволи и ред е некој што стварно разбира да седне да го води Министерството за животна средина пошо нас стварно не ни се умира заради туѓите незнаења или можеби нешто друго.
Кој потпиша за опасниот отпад до школо? Министерот не чувствувал одговорност. Епа добро тогаш, ок. Извини што помисливме дека ти го хендлаш овој ресор. Уживај.
Фотката е на Тоше Огњанов“.
С. С. | Црнобело
