Атрактивни во бикини - Кои познати Македонки ја почнаа летната сезона во мај?
- Детали
- среда, 13 мај 2026
„Плажа и уживање. Толку“, напиша водителката Ивана Јанковска, која е една од неколкуте познати Македонки кои уште на почетокот на мај беа на море.

Времето кога одењето на море, плажа, на летување почнуваше кон средината, па и крајот на јуни, одамна е минато.
Многумина, години наназад решаваат да тргнат на море во мај, кога воздухот не е претопол или влажен, а морската вода е сепак пријатна за капење.
Па една од дестинациите што се посетуваат во овој период е Турција.
А таму, во изминативе денови беа и неколку познати Македонки, кои ја отворија сезоната на бикини, сончање и плажа.
Едни во Анталија, други во Бодрум, со своите следбеници споделуваа фотографии и моменти од своите патувања, а меѓу нив и фотките во бикини.
„Ако мислите дека патувањата се скапи, почекајте додека да видите колкава е цената на залудно потрошениот живот“, напиша Јелена Спенџарска.
Кои познати Македонки ја почнаа летната сезона во мај?
Лила Филиповска

Јелена Спенџарска

Лара Иванова
