„Го најдов рајот“ – Илариа Кирилов во Тајланд, позира во танга бикини и потопена во кал со слон
- Детали
- сабота, 06 декември 2025
Кумановката Илариа Кирилов воодушевена од слоновите, позира додека ги гали и прегрнува, но го покажа и згодното, извајано тело во бикини на рајските плажи, за време на патувањето во Тајланд.

Нашата инфлуенсерка Илариа Кирилов периодов уживаше на егзотичен „зимски“ одмор во Тајланд.
Таа на патувањето беше заедно со Александар Динев, Евче и Викторија Лоба, а заедно се забавуваа, посетија знаменитости и пробуваа необични специјалитети.
Александар Динев и Евче на Тајланд - Ја храни со октопод, носат традиционална носија, се бакнуваат заљубено

Илариа не пропушти прилика да објави фотографии во бикини, додека ужива на рајските плажи со тиркизна вода.

Таа го покажа згодното тело додека позира сама, но и во друштво на неколку животни кои ја придружувале на плажа.

„Ја изгубив мапата, но го пронајдов рајот“ – напиша во описот на објавата.
Кликнете на видеото:
Згодната кумановка изгледа била посебно воодушевена од слоновите, па позираше извалкана во кал додека ги гали, а дури на шега посака и да си земе една слоница дома.
Повеќе фотографии:













М. М. | Црнобело
