Моќна порака од наш психолог: „Мислиме среќа е Малдиви и нов автомобил - Среќа е: ‘Не е малигно / Мама те сака’“
- Детали
- сабота, 30 мај 2026
„Што мислиме дека е среќа? „Честито нов автомобил“, „Купивме стан“, „Ќе одиме на одмор на Малдиви“... Но, што всушност е среќа, а како да подзабораваме?“, порачува м-р Тиана Ивановска, психолог.

М-р Тиана Ивановска, психолог, Гешталт психотерапевт, работи во областа на психологијата повеќе од 10 години.
Веќе 6-та година е дел од СебеСложувалкa (чиј основач е токму таа), каде заедно со тим од психолози работат на психотерапија за деца и возрасни.

Во интервју за CRNOBELO.com таа во една пригода изјави:
„Во работата со клиенти најмногу уживам во последните 5 минути од сесијата кога ќе го видам сјајот во нивните очи.
Идејата дека некому си му помогнал да се чувствува добро во сопствената кожа и да го подобри квалитетот на својот живот, му дава смисла на мојот“.

Сега, Тиана сподели моќна објава на тема што мислиме дека е среќа и што забораваме дека всушност е среќа.
Психологот Тиана Ивановска вели:
„За среќата и сите чести полемики околу тоа каде да ја најдеме...
Што мислиме дека е среќа?
„Честито нов автомобил“.
„Купивме стан!“
„Ќе одиме на одмор на Малдиви“.

Што всушност е среќа?
„Честитки, не е малигно“.
„Тато, те чекам на кафе“.

„Утре почнуваме co терапија, прогнозата е одлична“.
„Стигнав безбедно, одвај чекам да те видам“.
„Мама те сака најмногу на свет“.
„Ај симни се да свртиме едно крукче на воздух“.
Се согласувате ли?
С. С. | Црнобело