Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметлива, но морав да се вратам“
- Детали
- петок, 30 јануари 2026
„Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со количките за купување . Ги редеше. Ја немав видено досега. Беше со извалкана јакна, боса, нечешлана ама беше толку културна и ненаметлива, па се вратив ѝ ја прашав...“, ја започнува својата приказна Мариа Дуда за случката во Крива Паланка што ѝ го трогнала срцето.

Мариа Дуда е млада, амбициозна девојка која постојано е во трка да ги оствари своите соништа, а покрај кретивните бизнис идеи, таа прави и низа хумани дела, како што е згрижување животни на нејзиниот ранч „The Countryside“.

Сега, Мариа јавно сподели ситуација што ѝ се случило во маркет во Крива Паланка, а нејзината објава допре многу срца и вирално се прошири.

Таа се соочила со 5-годишно девојче, кое на студот било со влечки и боси нозе.

Нејзината објава на Фејсбук гласи:
„Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со количките за купување. Ги редеше. Ја немав видено досега.
Убаво детенце, културно, но босо по влечки.
Ја одминав, па се вратив и ја прашав што сака да ѝ купам. „Ако може нудли само“, скромно кажа. Викам „Ајде дојди, заедно ќе купуваме“.
Пудинг за мене, пудинг за неа, млеко за мене, млеко за неа, банани и слично.
Девојчето толку беше среќно што си купувавме заедно и ми раскажа дека не е од тука. Ќе се враќаат со мајка ѝ и другите нејзини сестри назад во Кавадарци - некој документ требало да извадат.
Ја прашав дали ќе учи за да си има пари и да си купува што сака. Рече сакала да оди во училиште, ама уште е мала.
