Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметлива, но морав да се вратам“
Се разделивме... Она среќна со ќеса поголема од неа самата, јас среќна дека не ја одминав умислена во мои работи или да ѝ дадев само 10 денари и да си брка работа.
Ја третирав како човек и дете, со внимание, иако беше со извалкана јакна, боса, нечешлана ама беше толку културна и ненаметлива, па се надевам дека еден ден ќе прерасне во голем човек и ќе се избори со бариерите кои ѝ ги наметнува животот, само поради тоа што доаѓа од најсиромашна категорија луѓе... Луѓе кои секој од нас, за жал, ги одминуваме и не добиваат шанса да бидат видени со други очи.
Посреќно дете немам видено со години. Таа се израдува дека влезе во маркет, гушнато да бира што сака за да однесе дома. Парите не цртаат детска насмевка, гестовите и вниманието да.
Може 10, 20 луѓе ѝ дале дента пари, ама верувам дека ќе ги памети малите моменти кога некој ја прашал „како се вика или како е или дали и треба нешто“...
Среќно малечка во животот!“

Прочитајте и Потресна приказна од скопските улици вирално се шири: „Стоев на семафор, жена плашливо ме замоли за помош“
С. С. | Црнобело
