Бикини со перје, сопругот ја фенира: Љупка Митрова уживаше во луксуз и романтика на Малдиви (фото)
- Детали
- недела, 01 февруари 2026
Од романтична вечера на плажа со специјална декорација до пливање во танга бикини во вилата со приватен базен, Љупка Митрова прослави две години од почетокот на љубовта со Георги.

Љупка Митрова од Струмица ужива во љубовта со сопругот Георги, со кој постојано оди на патувања.

Од Грција до Италија, таа дефинитивно знае како да ужива, а неодамна тие се вратија од нивното последно патување, кое беше на Малдиви, a каде прославија 2 години од почетокот на нивната љубов.

Во оваа пригода тие имаа своја вила со приватен базен, каде Љупка во танга бикини се релаксираше со пливање.

Таа објави низа фотографии од оваа рајска дестинација каде уживаше во коктели, масажи и незаборавни мигови со саканиот на белите песочни плажи.


Од сирена здолниште во розова боја до бикини со перје, таа се појави во неколку специфични модни изданија.

Љупка уживаше и во романтична вечера на плажа со сопругот, а направи и фотосесија во долга тоалета со него.


Инаку, во еден миг сопругот дури ѝ ја суши косата на Љупка, а таа се пофали со романтиката на Инстаграм.


