Љупка Митрова: „Не знам колку чинеше свадбата во Грција, не ја платив јас“

„Што се смеете? Јас сум жена што сака традиционална македонска кујна“, вели Љупка врзана за полиграф, откако призна дека не се снаоѓа во кујна, а дека сопругот готви за целото семејство - најдобро мусака и гравче, кои таа ги обожава.

ljupka-mitrova-ne-znam-kolku-chineshe-svadbata-vo-grcija-ne-ja-plativ-jas-01.jpg

Љупка Митрова, нашата инфлуенсерка и сопственичка на модниот бренд Mitroff, седна на полиграф со Стефонатор.

Таа одговараше на прашања поврзани со приватниот живот, но и модниот бренд, додека полиграфот „проверуваше“ дали е искрена или излажала.

Љупка кажа дека смета дека го има најдобриот моден бренд кај нас, но и призна дека презела вработени од друга модна куќа, давајќи им подобра понуда за работа која тие ја прифатиле, но не сакаше да открие за кој бренд станува збор.

ljupka-mitrova-ne-znam-kolku-chineshe-svadbata-vo-grcija-ne-ja-plativ-jas-02.jpg

На прашањето дали е без возачка дозвола, одговори потврдно и кажа дека тогаш полицијата ѝ го одзела и Поршето, а причината е брзо возење.

„Љубител сум на брзо возење, а со Порше се вози брзо“, вели таа, но кажа и дека кога ѝ ги одзеле возачката и автомобилот, возела 52km/h, но во зона во која е дозволено 40km/h.

Стефонатор ја праша и дали нејзината интимна свадба со Георги во Грција чинела колку неколку стана во Скопје.

„Не знам, не ја плаќав јас“, одговори Љупка, која кажа и дека од денешен аспект жали што долго време останала во првиот брак.

ljupka-mitrova-ne-znam-kolku-chineshe-svadbata-vo-grcija-ne-ja-plativ-jas-04.jpg

Иако призна дека сака работите секогаш да се по нејзино, рече и дека сопругот не е љубоморен, ниту пак таа и дека не му го проверува телефонот.

„Не му знам ни пасвордот“, одговори таа.

И додаде дека Геогри има многу позитивни карактеристики, дека многу ја почитува, ѝ дава мир, ја поддржува и ѝ дава сигурност.

ljupka-mitrova-ne-znam-kolku-chineshe-svadbata-vo-grcija-ne-ja-plativ-jas-05.jpg

А на прашањето дали нејзиниот сопруг готви за целото семејство, зашто таа не се снаоѓа најдобро во кујната, Љупка потврди дека тоа е вистина, и дека Георги најубаво прави мусака и гравче.

По ова, почнува општа смеа од сите во студиото, а Љупка вели: „Што се смеете? Јас сум жена што сака традиционална македонска кујна“.

ljupka-mitrova-ne-znam-kolku-chineshe-svadbata-vo-grcija-ne-ja-plativ-jas-03.jpg

Погледнете го целото видео:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...

Најчитани неделава