Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми беше луксуз“

Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова официјално се развела од сопругот, таа решила да му се врати. Заедно живееле уште неколку години, а нивната втора ќерка е родена во вонбрачна заедница - Познатата инфлуенсерка во новото интервју откри детали за животот без пари и со љубоморен маж кој го водела пред многу години.

ljupka-mitrova-iskrena-prviot-mazh-beshe-ljubomoren-ne-mi-davashe-da-rabotam-mleko-za-decata-togash-mi-bea-luksuz-01.jpg

Инфлуенсерката и сопственичка на модно студио, Љупка Митрова, често привлекува внимание со својот изглед, но и со животниот стил на висока нога, кој го споделува со следбениците на социјалните мрежи.

Но, во нејзиното последно интервју, во емисијата „Урок“ со Сергеј Варошлија, Љупка откри една страна од себе за која луѓето не знаат, па зборуваше и за неуспешниот прв брак, љубомората, разводот, постпородилната депресија, но и сиромаштијата, кога немала да си купи за јадење нешто повеќе од една панцерота, и да ја подели на два дела - едниот за појадок, другиот за вечера.

Иако нејзиниот живот денес е сосема поинаков, таа раскажа за моментите кои ја зајакнале како личност и ја трансформирале во жената што е денес.

ljupka-mitrova-iskrena-prviot-mazh-beshe-ljubomoren-ne-mi-davashe-da-rabotam-mleko-za-decata-togash-mi-bea-luksuz-03.jpg

Во интервјуто, таа вели:

„Јас се мажам, ја правам свадба во јули, а кога се роди нашата ќерка Елена, уште немавме направено крштевка, јас заминувам од нашиот заеднички стан и си одам дома, кај мајка ми и татко ми.

И решавам дека ќе се разведам, покрај тоа што ми бил првиот дечко во мојот живот, првиот маж во мојот живот, не сум знаела за друг, и ние сме имале врска од 5-6 години претходно, од 15 години сме биле заедно.

Да ми кажел некој дека ќе донесам ваква одлука во тоа време, немаше да му верувам“, раскажува Љупка.

По раѓањето на ќерката, која ја родила на само 20 години, таа паднала во постпородилна депресија.

Причината е што ќерката Елена е родена порано со врзана папочна врвца околу вратот, па поминала некое време во инкубатор.

ljupka-mitrova-iskrena-prviot-mazh-beshe-ljubomoren-ne-mi-davashe-da-rabotam-mleko-za-decata-togash-mi-bea-luksuz-04.jpgЌерките Елена и Сандра

Во тие денови, Љупка била сведок на ситуации кога сестрите кажувале како „дете од инкубатор е итен случај и мора да се носи од Струмица во Скопје“ и но дека едно бебе од инкубатор починало.

По враќањето дома, нејзиниот сопруг си продолжил со животот, па Љупка се спакувала и се преселила кај родителите.

„Тие ѝ беа и мајка и татко 8 месеци. Јас живеев со спуштени ролетни, ослабната 10 кила и мислев дека нема ниедна светла точка во мојот живот, па ни Елена“, признава Љупка.

Иако законски веќе била разведена од сопругот, таа и ќерката се вратиле кај него, А Љупка била пресреќна.

„Наредните неколку години живееме во вонбрачна заедница и Сандра, втората ќерка, е вонбрачно дете“ - открива таа и вели дека никогаш не се премажила со него иако добиле второ дете.

ljupka-mitrova-iskrena-prviot-mazh-beshe-ljubomoren-ne-mi-davashe-da-rabotam-mleko-za-decata-togash-mi-bea-luksuz-02.jpg

Таа вели дека и денес чувствува вина за тоа што им го направила на своите родители, но и на брат ѝ со своето однесување.

„Кога почнав врска со тогашниот партнер, моите не можеа да поверуваат дека сум избрала да живеам со некој што ме уценува ‘Или нашата врска или факултетот’, што ми велел ‘Облечи широки панталони, минич не може’. Доаѓаш до тоа да бираш меѓу себе или тоа што го сака тој.

Кога му се вратив после разводот, моите не беа радосни. И во тој момент родителите ми ги прекинуваат сите финансии од нивна страна, ми кажуваат, океј биди со него, со нас до тука, ние ќе си се гледаме со Елена и со тебе, ама твојот пат си е твој пат.

И јас продолжувам да живеам со него, по цена дека нема да имам пари, по цена да немам материјална поддршка, а тоа е храна, сметка за струје, тоа е млеко за моето бебе, тоа се пелени, сите знаеме колку пари ни треба да опстанеш.

ljupka-mitrova-iskrena-prviot-mazh-beshe-ljubomoren-ne-mi-davashe-da-rabotam-mleko-za-decata-togash-mi-bea-luksuz-05.jpg

Мојот бивши маж работеше како обезбедување, одеше прва-втора-трета смена, знаеме колку пари може да се заработи од тоа. Но, стигнавме до степен да јас немам што да јадам.

Во нашата зграда кај што живеевме, имаше пакара, си купував панцаротичка, у тоа време беше 20 денари, си ја купував со железни пари и си ја делев на две, за сабале да доручкувам, а вечерта да вечерам.

У тоа време, за мене тоа било огромен луксуз, да купам млеко, убави влажни марамици - тогаш не избираш, гледаш да преживееш. Да се офарбаш на фризер, тоа било еднаш во годината.

Од друга страна, ти е ускратана слободата да работиш, зашто е љубоморен и “не треба да те гледат колеги, луѓе, да одиш на службени патувања’, значи тебе ти се врзани рацете. Немаш другарки. А и немаш со што да излезеш, немам пари за јадење, не па да излезам“.

Погледете го целото интервју со Љупка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јах... Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg