Љупка Митрова во Атина му го прослави роденденот на сопругот со луксуз, танга и жартиери, а објави и кадри од дома
- Детали
- понеделник, 29 декември 2025
Атрактивната струмичанка објави кадри од хотелската соба каде престојува со саканиот Георги, за кого вели „Веднаш знаев дека е за мене“. „Среќен роденден љубов моја“, напиша таа и откри во какви ексклузивни места слават, но се потсети и на најубавите спомени.

Љупка Митрова од Струмица, сопственичката на модниот бренд Mitroff, ужива во љубовта со сопругот Георги, на кој му посвети објава викендов, по повод неговиот роденден.

За него таа во интервју за CRNOBELO.com во една пригода изјави: „Веднаш знаев дека е за мене, првиот ден кога го видов како ме чека на снегот на уличката во моето маало во Струмица“.

Инаку, парот го прослави роденденот на Георги во Атина, но Љупка објави и низа фотографии од нивното секојдневие и исполнет и динамичен стил на живот, со многу патувања.





