Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треба да имаш обѕири“
- Детали
- четврток, 26 март 2026
„Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден во ниедно време, не готвиш на тераса, не стенкаш како да те колат... И најважно, тоа што си дома - не значи дека кај тебе дома можеш да правиш што сакаш“, вели Ина МногуФина во нејзината вирална објава.

Куќниот ред во зградите често се нарушува од несовесното однесување на одредени индивидуи.
Без разлика дали станува збор за бушење во несоодветно време, оставање на отпадоци во ходниците или оштетување на лифтовите, секогаш ќе се најде најмалку една личност што ќе штети на квалитетот на живот на другите.
Инспирирана од сите оние кои го нарушуваат мирот на другите, Ина МногуФина се огласи на темата.

Таа испраќа апел:
„Некако нè понесе дигитализацијата и буквално заборавивме дека меѓу нас живеат луѓе со пречки во основна култура, па можеби е време да повториме:
Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали од куќа дали од пештера или нива, треба да имаш обѕири кон останатите во зградата.
Не одиш ко коњ по скали, не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден во ниедно време, не одиш дома ко слон ко по трева да имаш газено цел живот, па ти е тешко паркет да научиш, не готвиш на тераса, не стенкаш ко да те колат, не ги заклучуваш заедничките простории бидејќи ти си живеел во куќата што си ја дал за зграда, ако живееш најгоре, не живееш на приземје, значи под тебе има луѓе...
И најважно, тоа што си дома - не значи дека кај тебе дома можеш да правиш што сакаш.
Можеш во куќа ако немаш соседи, некаде во Благодарево каде што ти е местото...
За живот во зграда постои закон за заедничко домување, ако првпат гледаш зграда прочитај го - пред да те 'истури' некој со пријави.
Како назад да сме вратени со основни работи“.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
