Теа Трајковска со емотивни зборови за Панчо: „Те знаев во срж и благодарна сум на секој наш момент и спомен, со тебе замина дел од мене“
- Детали
- среда, 15 октомври 2025
„Да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да си мој најблизок човек во патувањево. Овие 7 месеци ти ми беше единствениот зрак надеж и светлинка, а вчера со тебе замина и дел од мене Влатче. До следното видување злато мое. Ми вети дека ќе ме чекаш ако ме претркаш, а до тогаш знам дека ќе ме чуваш од горе“ - напиша во долгото збогување Теа Трајковска.

Нашата пејачка Теа Трајковска беше многу блиска пријателка и колешка со Владимир Блажев Панчо, кој за жал, на 14-ти октомври ја изгуби битката за живот, по кобниот пожар во Кочани.
Нивната соработка започна со заедничката песна „Рушевини“, а оттогаш прерасна во блиско пријателство кое траеше сите овие години.
На социјалните мрежи, таа објави повеќе заеднички фотографии со Панчо и напиша емотивен текст со кој се збогуваше од него.
Објавата на Теа гласи:
„My ride or die, my soulmate, my family, my homie, моја најголема поддршка во сѐ, мој ментор и најдобар пријател, мојот омилен човек на земјата, а сега на небото.
Привилегија и благослов е што те имав во овој живот и што си толку битен дел од него, што те знаев во срж и благодарна сум на секој збор и наш момент, на нашиот последен разговор, на сѐ што научив од тебе, на секој спомен што ми го остави.

И да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да си мој најблизок човек во патувањево.
Овие седум месеци ти ми беше единствениот зрак надеж и светлинка, а вчера со тебе замина и дел од мене Влатче.

Нема да постои ден кога нема да ми недостигаш, ама таа твоја душа и тоа твое срце не беа за овој свет, а Бог ги сака покрај себе таквите како тебе.
Знам само дека не заслужи ништо од ова ама и дека си на подобро место каде што не страдаш и не се мачиш повеќе.

До следното видување злато мое.
Ми вети дека ќе ме чекаш ако ме претркаш, а до тогаш знам дека ќе ме чуваш од горе.

Колку те сакам знаеш и ќе си знаеш засекогаш каде и да си.
Широко небо Владе мој. Тесно беше тука за тебе“.

Повеќе заеднички фотографии кои Теа ги објави:








М. М. | Црнобело
