Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во Кочани

Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК почина скоро седум месеци по трагедијата во Кочани, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.

panco-01.jpg

Панчо, утрото по несреќата на 16 март, беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, а неговата сестра за медиумите тогаш потврди дека има повреди по лицето и рацете, но дека е вон животна опасност.

vladimir-blazev-panco-02.jpg

Тој потоа беше пренесен во приватна клиника во Скопје, каде што го продолжи лекувањето и каде што во изминатите месеци му беа направени неколку операции.

Но, за жал, тој им подлегна на повредите.

Од Панчо се прости Сузана Спасовска преку статус на Фејсбук.

Панчо е роден на 29.07.1979 во Скопје. Зад себе остави два сина, Андреја и Марјан.

Тој беше познат и како голем хуманитарец, кој заедно со Андреј низ годините им помогнаа на голем број семејства и лица кои имаа потреба од секаква помош. 

vladimir-blazev-panco-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Теа Трајковска со емотивни зборови за Панчо: „Те знаев во срж и благодарна сум на секој наш момент и... „Да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да ...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава