Панчо од ДНК хоспитализиран во Скопје по синоќешниот пожар – објавени неофицијални листи со примените во скопските болници

Во изјава за Сакам да кажам, сестрата на Панчо од ДНК потврди дека музичарот се наоѓа во Клиничкиот центар во Скопје и е надвор од животна опасност, но дека има повреди на лицето.

pancho-od-dnk-hospitaliziran-vo-skopje-po-sinokjeshniot-pozhar-objaveni-neoficijalni-listi-so-primenite-vo-skopskite-bolnici01.jpg

На социјалните мрежи се споделуваат листи со имиња на повредените во дискотеката во Кочани кои се наоѓаат во скопските болници.

Листите се однесуваат на примените во болниците „8 Септември“ и Клиничкиот центар, но не се официјални.

Односно, надлежните сè уште немаат споделено листа со хоспитализирани, а лицата кои се наоѓаат на листите може и да се преместени или пуштени од болница.

pancho-od-dnk-hospitaliziran-vo-skopje-po-sinokjeshniot-pozhar-objaveni-neoficijalni-listi-so-primenite-vo-skopskite-bolnici-02.jpgЛиста за „8 Септември“

На листата се наоѓа и Владимир Блажев, попознат како Панчо од ДНК кој синоќа, заедно со Андреј, имаше настап во дискотеката.

pancho-od-dnk-hospitaliziran-vo-skopje-po-sinokjeshniot-pozhar-objaveni-neoficijalni-listi-so-primenite-vo-skopskite-bolnici03.jpgЛиста за Клинички

Доктор Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил сподели дека три лица се примени во болницата Жан Митрев: Мелани Тасева, Дарко Тасев и Илија Рашков.

За Сакам да кажам, неговата сестра Јадранка Николовска потврди дека се наоѓа во Клиничкиот центар во Скопје и дека е вон животна опасност.

„Засега знам дека е вон животна опасност, има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка и е во Клиничкиот центар во Скопје.

Уште не знам каде е и како е Андреј и останатите членови на бендот“, вели Николовска за Сакам да кажам.

Во пожарот што се сучи синоќа околу 2:35 часот загинаа 51 лице, додека над 100 се повредени.

Причината за пожарот се пиротехнички средства, а министерот за внатрешни работи потврди дека веќе се уапсени организаторите на забавата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава