Карлеуша и бившиот Душко Тошиќ позираат заедно со ќерките на матурата на нивната прва наследничка – Јелена ја донесе на прославата

Ќерката на Јелена и Душко, Атина, матурираше во приватно британско училиште кое чини 10-15.000 евра годишно, а мама и тато се обединија за љубов на ќерките и позираат заедно и по сите скандали – матурантката елегантна во жолт фустан, сестрата Ника во Chanel папучи.

karleusha-i-bivshiot-dushko-toshikj-poziraat-zaedno-so-kjerkite-na-maturata-na-nivnata-prva-naslednichka-jelena-ja-donese-na-proslavata-01.jpg

Првата наследничка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, матурираше во Британско интернационално училиште во Белград, познато по ригорозни британски стандарди, настава на англиски јазик и ученици кои се деца на естрадни личности и дипломати.

Според српските медиуми, цената на годишно ниво за школување во ова престижно училиште е од 10 до 15 илјади евра, но познатиот пар никогаш не штедел на образованието на ќерките.

На церемонијата, Јелена пристигна заедно со елегантната матурантка, која носеше жолт фустан и високи штикли.

Но, она што сите ги изненади е семејната фотографија која ја објави Карлеуша, на која таа и Душко позираат заедно со двете ќерки.

Очигледно и покрај сите скандали во јавноста, кога станува збор за ќерките, тие се подготвени да ги надминат проблемите и да бидат заедно покрај нив.

На семејната фотка, родителите го покажаа своето елегантно издание, Душко во одело, Јелена во син фустан, а помалата ќерка Ника во мини фустан и Chanel папучи.

Уште неколку фотки и видеа: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Ќерките на Карлеуша блескаа во Париз, пред Душко Тошиќ да биде „уловен“ со русокоса - налик на Јелен... Атина е вистинска долгонога убавица, а Ника го има силниот карактер на мајка си....
Душко Тошиќ и новата девојка се запознале пред 5 години, додека била во брак + Што мисли таа за Карл... Се запознале додека таа сè уште била во брак, но во врска се само пет месеци и о...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
Душко Тошиќ го прослави 41-иот роденден во родното село - ја гушка мајка му, ќерките Атина и Ника со... Душко Тошиќ и покрај успехот и раскошот во кој ужива, никогаш не заборава од кад...

Најчитани неделава