Душко Тошиќ го прослави 41-иот роденден во родното село - ја гушка мајка му, ќерките Атина и Ника со него
- Детали
- вторник, 20 јануари 2026
Душко Тошиќ и покрај успехот и раскошот во кој ужива, никогаш не заборава од каде потекнува. Тој го реновирал семејниот дом во селото Орловат и изградил нова куќа во дворот. Роден е во Зрењанин, но пораснал во ова село и вели дека го обожава своето родно место.

Душко Тошиќ на 19-ти јануари го прослави својот 41-ви роденден и влегувањето во петтата деценија во селото Орловат во Србија.
Иако Душко е роден во Зрењанин, тој најраното детство го поминал во селото Орловат, кое е дел од општина Зрењанин.
Поранешниот фудбалер и сопруг на Јелена Карлеуша, отпатува со ќерките во Орловат, каде што заедно со семејството славеше и наздравуваше со шампањ.
Селото се наоѓа на 69 километри од Белград.

Ќерките Атина и Ника, заедно со неговата внука (ќерка на сестра му Катарина), стоеја над него и држеа балони, додека Душко Тошиќ цело време гордо ја прегрнуваше мајка си Николета, се гледа од кадрите од прославата кои кружат на социјалните мрежи.

Инаку, Душко Тошиќ имал многу скромно детство, а и покрај успехот, луксузот и раскошниот живот во кој ужива, никогаш не заборава од каде потекнува.
Тој го реновирал семејниот дом во селото и изградил нова куќа во дворот.
