Ќерките на Карлеуша блескаа во Париз, пред Душко Тошиќ да биде „уловен“ со русокоса - налик на Јелена
- Детали
- петок, 17 април 2026
Атина е вистинска долгонога убавица, а Ника го има силниот карактер на мајка си, коментираат нивните следбеници... Двете блескаат на патувањето во Париз, додека кружат гласини за новата љубов на нивниот татко Душко Тошиќ.

Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ го привлече вниманието на јавноста, откако неодамна од српските папарацо фотографи бил „уловен“ во луксузен рибен ресторан во Белград, каде уживал во друштво на атрактивна русокоса, која наликува на неговата поранешна сопруга Јелена Карлеуша.
Ова е едно од неговите ретки појавувања со непозната девојка по бурниот развод од пејачката, со која со години беше во брак.
Фотографииите погледнете ги ТУКА...


Извор од местото на настанот за српските медиуми вели:
„Во еден момент целосно се опуштија и престанаа да обрнуваат внимание на другите гости.
Разменуваа нежности, се допираа и се смееја – изгледаше како да уживаат во секој момент. Хемијата меѓу нив беше повеќе од очигледна“.


Инаку, неодамна Душко сподели Инстаграм Стори од неговите две ќерки Атина и Ника, кои позираа пред Ајфеловата Кула во Париз со уште една другарка.

Тој најверојатно ги придружувал на ова патување, од кое двете објавија низа фотки.
Атина наскоро ќе полни 18 години, а Ника 17.


