Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција среде ноќ + Сите нејзини пријави за насилство кон него
- Детали
- четврток, 22 јануари 2026
Јелена Карлеуша го пријавила поранешниот сопруг Душко Тошиќ поради упад во вилата на Дедиње среде ноќ и промена на бравите, без нејзино одобрение, а ова не е првпат таа да го пријави во полиција. Низ годините има неколку сериозни инциденти, каде има вмешано и нејзин пријател и наводно семејно насилство.

Јелена Карлеуша го пријавила поранешниот сопруг Душко Тошиќ поради упад во домот на Дедиње, во кој живее со ќерките Атина и Ника.
Јелена Карлеуша моментално се наоѓа во Дубаи, но од таа локација ја контактирала српската полиција со цел што побрзо да реагира.

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, Јелена Карлеуша пријавила дека Душко Тошиќ ги сменил бравите во тој стан без нејзино знаење, поради што побарала помош.
Поточно, Карлеуша го пријавила Тошиќ поради влегување во станот во кој таа живее со ќерките, како и поради промена на бравите без нејзино знаење и одобрение.

Според неофицијални информации, полицијата излегла на терен.
Веста дека Јелена Карлеуша синоќа повторно го пријавила поранешниот сопруг Душко Тошиќ во полиција предизвика големо внимание кај јавноста, но и потсети на претходните инциденти за кои медиумите со години известуваа.

Инаку, во јуни 2024 година, пејачката го пријавила поранешниот сопруг поради, како што тогаш беше наведено, инцидент што се случил во семејната куќа.
Медиумите тогаш пренесоа дека станува збор за наводно насилство, по што полицијата интервенирала.
Полицијата по пријавата на Јелена Карлеуша веднаш излегла на терен, каде што ја затекнала пејачката со пријател. Тие изјавиле дека Тошиќ дошол во куќата, за која има клуч, и дека, како што навеле, бил под видливо дејство на алкохол, при што го фатил пријателот на својата поранешна сопруга за врат и го удрил повеќепати по главата и телото.

