Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција среде ноќ + Сите нејзини пријави за насилство кон него
Карлеуша се обидела да ги раздели, меѓутоа Душко во таа пригода ја повлекол Јелена за коса и ја удрил неколкупати по главата и телото.
Јелена немала видливи повреди по телото, додека нејзиниот пријател имал гребнатини во пределот на брадата и вратот.

На почетокот на јануари 2022 година, за време на божиќните празници, дошло до уште еден конфликт, по кој Карлеуша, според пишувањата на српските медиуми, повикала полиција и поднела пријава против Тошиќ.
Наводно било утврдено дека Душко Тошиќ ја плукнал својата сопруга, а потоа ѝ задал удар со отворена дланка во пределот на лицето.
Пејачката од ударот се здобила со повреда на десната страна од лицето, во вид на исекотина.
Целиот настан наводно го потврдиле и сведоци, односно роднини кои во тој момент се наоѓале во куќата на брачниот пар.

Еден од најпознатите скандали меѓу нив се случил во март 2020 година, кога Карлеуша го пријавила сопругот за физичко насилство.
Тој случај предизвика големо внимание во јавноста, а подоцна било објавено дека пријавата е повлечена.
Надлежните органи тогаш наводно дошле на нивната адреса, а пејачката им изјавила дека подолго време трпи насилство, што нејзиниот сопруг го негирал.
Исто така, Јелена немала видливи знаци на насилство, а и тогаш одбила медицинска помош.

Прочитајте и Душко Тошиќ го прослави 41-иот роденден во родното село - ја гушка мајка му, ќерките Атина и Ника со него
С. С. | Црнобело
