Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“
- Детали
- петок, 24 април 2026
„Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со кое живеам. На 11 години ми измериле IQ над 150. Спијам само 4–5 часа дневно“, открива Јелена Карлеуша и додава дека таа е најмладиот случај на дијагностицирана мигрена во Србија.

Пејачката Јелена Карлеупа со години се бори со мигрени кои ѝ предизвикуваат интензивни и чести болки.
Иако води сметка за здравиот начин на живот, нејзините тегоби не престануваат.

Карлеуша исхраната ја базира на свежо овошје и зеленчук, со многу вода и чаеви и нема пороци, но сепак проблемот го има и понатаму.
„Дали знаевте дека сум најмладиот случај на дијагностицирана мигрена во Србија?“, изјави сега за еден од српските медиуми.

Но, за овој проблем зборувала и претходно, нагласувајќи колку мигрените ѝ го отежнуваат секојдневието.
„Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со кое живеам.
Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава.
Не пушам, не пијам, не пијам ни кафе. Не јадам месо, туку главно овошје и зеленчук во свеж облик.

Пијам многу вода и чај, а со секој оброк јадам барем една зелена намирница.
Лицето и телото со децении ги негувам исклучиво со здрави и хранливи препарати – затоа што кожата се негува и однадвор и однатре.
Сепак, главоболките остануваат“.

Инаку, сега во играта „Дали знаевте“, Јелена прифати интересен предизвик и откри некои помалку познати факти за себе, од кои еден за мигрената:
Не сакам благо. Никогаш во животот не сум пробала торта или колач.
Леворака сум.
Јас сум најмладиот случај на дијагностицирана мигрена во Србија.
На 11 години ми измериле IQ над 150.
Одев во музичко училиште и свирам флејта.

Како дете со години пеев во Народниот театар, во операта „Борис“.
Спијам само 4–5 часа дневно.
Не разликувам некои бои.

Првиот албум го снимив пред да наполнам 16 години.
Прабаба ми по мајка била австриска грофица Марија фон Дајц и има улица во Грац.
