Јелена Карлеуша (47) разочарана од кошаркарот (31) со кој ја поврзуваа: „Не сакал омразата кон мене да се пренесе на него“
- Детали
- петок, 05 септември 2025
„Се сеќавате на онаа приказна од летово дека сум во врска со оној кошаркарот. Кога јавно кажав со една реченица дека поминуваме време заедно, човекот ми напиша дека ‘не сака целата омраза да се пренесе од мене на него’ и никогаш веќе не се јави“, вели Карлеуша.

Српската пејачка Јелена Карлеуша пред неколку месеци откри дека поминува време со кошаркарот Никола Јовановиќ, кој е 16 години помлад од неа.
По оваа изјава, бившиот сопруг Душко Тошиќ ја исмеа дека мора да им плаќа на млади момци да бидат со неа, па во медиумите се разви нова војна помеѓу некогашните сопружници.

И се чини, ова е една од причините зошто Јелена и Никола не се веќе заедно.
Во објава на Твитер, Карлеуша напиша долга објава за луѓето кои ѝ забиле нож во грб и кои ја разочарале, а меѓу нив го спомна и младиот кошаркар.

„Се сеќавате на онаа приказна од летово дека сум во врска со оној кошаркарот.
Кога јавно кажав со една реченица дека поминуваме време заедно, човекот ми напиша дека ‘не сака целата омраза да се пренесе од мене на него’ и никогаш веќе не се јави.
А, ни јас нему. Ниту на некој друг од мојата долга листа со разочарувања“, вели Јелена.
За потсетување, медиумите почнаа да пишуваат дека Карлеуша има нова љубов на почетокот на летото и иако никогаш не објавија заедничка фотка, по работите што ги споделуваа на Инстаграм Стори, неколкупати можеше да се заклучи дека се заедно на црногорското приморје.

Прочитајте и Помлад е 16 години од неа, не успеа да влезе во НБА - Кој е новиот дечко на Јелена Карлеуша?
А. Ј. | Црнобело
