Помлад е 16 години од неа, не успеа да влезе во НБА - Кој е новиот дечко на Јелена Карлеуша?

По неверството и јавниот развод од Душко Тошиќ кој траеше со години, Јелена Карлеуша повторно ужива во љубовта - таа е во врска со кошаркарот Никола Јовановиќ, кој е 16 години помлад од неа.

pomlad-e-16-godini-od-karleusha-ne-uspea-da-vleze-vo-nba-koj-e-noviot-dechko-na-srpskata-pejachka-01.jpg

Српските медиуми подолго време шпекулираа дека Јелена Карлеуша има нов дечко и дека станува збор за младиот кошаркар.

Па откако со месеци се нагаѓаше дали таа и Никола се гледаат, во една пригода ја прашаа дали ѝ е тој дечко.

pomlad-e-16-godini-od-karleusha-ne-uspea-da-vleze-vo-nba-koj-e-noviot-dechko-na-srpskata-pejachka-02.jpg

Во тоа време Карлеуша кажа дека се само пријатели, но и дека би било интересно новинарите да го најдат него и да го прашаат за нивната врска.

Сега, во гостување во подкаст кај Бојан Јовановски, таа ја потврди врската со младиот спортист.

„Никола не сака да е дел од јавниот свет и секогаш кога ќе се спомене неговото име тој доживува стрес.

Тој е големо момче во секоја смисла, но би ја почитувала неговата одлука да е подалеку од рефлекторите.

Прекрасен дечко е и поминувам убави моменти со него. Има преку два метри, аватар е, огромен е“ - рекла Јелена.

pomlad-e-16-godini-od-karleusha-ne-uspea-da-vleze-vo-nba-koj-e-noviot-dechko-na-srpskata-pejachka-05.jpg

Што знаеме за новиот дечко на пејачката?

Никола е српски кошаркар кој игра на позициите крилен центар и центар.

Роден е на 6 јануари 1994 година во Белград, а живеел во населбата Врачар.

Во хороскоп е Јарец (исто како и Душко Тошиќ).

Тој играл за јуниорските селекции на Црвена ѕвезда, а поминал и една година во Партизан, пред да замине во САД во 2012 година.

Таму, прво поминал една година во средното училиште „Арлингтон Кантри Деј“, по што се префрлил на познатиот Универзитет на Јужна Калифорнија каде што играл за колеџ тимот на универзитетот во следните три години.

По трета година на факултет, се пријавил на НБА драфтот, но не го поминал, односно ниеден НБА клуб не покажал интерес за него.

Шансата да заигра во НБА ја побарал преку летната лига, каде што прво играл за Детроит, а потоа и за Лос Анџелес Лејкерс.

Бидејќи ни по ова не успеал да добие договор во некој НБА тим, на крајот на октомври 2016 година потпишал за огранок на Детроит (односно помалиот клуб Гранд рапидс драјв). Таму играл до март следната година, кога бил трејдуван во огранок на Њујорк Никс.

Незадоволен, си заминал, па потпишал тригодишен договор со Црвена Ѕвезда во 2017 година.

Со белградскиот клуб ја освои српската Суперлига во сезоната 2017/18.

Во август 2018 година, беше испратен на едногодишна позајмица во Аквила баскет тренто.

Оттаму пак се врати во Црвена Ѕвезда, но си замина во август 2020-та, кога потпиша едногодишен договор со босанскиот клуб Игоке.

Со нив го освои Купот на Босна и Херцеговина во 2021 година.

Со босанскиот клуб се раздели во септември 2021 година, кога потпиша договор со рускиот тим Нижни Новгород.

И тука работите не одеа најдобро - тој остана во рускиот клуб до декември (само 3 месеци), кога договорот беше раскинат, но потоа пак се врати во Нижни Новгород во сезоната 2022/23.

Во февруари 2023 година, Никола уште еднаш го смени клубот - потпиша за белгискиот клуб Остенде, но во октомври истата година се пресели во Антверп Џајантс, каде што сè уште игра.

На Инстаграм не е многу активен и најчесто објавува професионални фотки, но тука има и по некоја фотографија од времето кога живееше во САД, како и фотки од теретана, но и покрај базен/на плажа, на кои се гледа неговото извајано тело.

Погледнете повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југос... Поради една вечера со Силвио Берлускони ѝ го припишаа падот на италијанската вла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg