Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос се денес?
- Детали
- среда, 04 февруари 2026
Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомнува и не се знае дали воопшто имаат контакт, или, пак, тие не сакаат да се експонираат во јавноста, исто како ни нивниот татко.

Пејачката Јелена Карлеуша отсекогаш истакнувала дека нејзината мајка Дивна секогаш ѝ била најголема поддршка и столбот на кој може да се потпре и во добро и во лошо.
Ова се смени по смртта на мајка ѝ, но и покрај тоа, Јелена не заборава да ја спомне јавно и да каже дека Дивна ѝ била и мајка и татко додека растела и дека станала жената каква што е денес, токму благодарение на неа.

За својот татко Драган (79), скоро никогаш не зборува, па ги изненади своите фанови кога на Фејсбук Стори објави фотографија со него.
„Тато“, напиша таа на фотката, и стави емотикон срце.
Фотографијата е направена на ручек во белградски ресторан. Јелена има умерена шминка и црно палто, додека нејзиниот татко, за кого е познато дека е страстен рибар, носи дуксер и рибарско капче.

Ова уште еднаш потврди дека иако не се гледаат често, таткото и ќерката се во добри односи.
Тие со задоволство минуваат време заедно, иако Јелена не ја интересира риболовот, а Драган никогаш јавно не зборувал за кариерата на својата ќерка.

И самата Јелена неколкупати кажала дека нејзините родители се развеле додека таа била мала, а татко ѝ, иако ја напуштил како дете, сепак бил повремено присутен во нејзиниот живот и дека се во коректни односи.
Тој е преженет и има две деца, но Јелена никогаш не ги спомнува и не се знае дали имаат контакт или тие не сакаат да се експонираат во јавноста.
Низ годините Јелена само неколкупати објавила фотографии со својот татко, а на една од нив со Драган е Душко Тошиќ и нивните ќерки Ника и Атина.

За потсетување, Драган е поранешен полициски инспектор и еден од оние кои ја предводеле акцијата „Сабја“, кога со својот тим влегол во домот на Цеца Ражнатовиќ и ја уапсил пред очите на нејзинитедеца.
Последниве години живее далеку од очите на јавноста, сака да лови риба и има свој профил на социјалните мрежи каде само понекогаш објавува видеа и рибарски приказни.

Прочитајте и Не сакал ќерка му да биде пејачка, ја уапси Цеца - Кој е таткото на Јелена Карлеуша?
А. Ј. | Црнобело
