Не сакал ќерка му да биде пејачка, ја уапси Цеца - Кој е таткото на Јелена Карлеуша?
- Детали
- петок, 11 јули 2025
„Да се прашуваше татко ми, јас никогаш не би била пејачка. Тој никогаш не ме разбирал, никогаш не го поддржувал ова што го правам“, изјави одамна Јелена, поради што во јавноста се верува дека е во лоши односи со татко ѝ Драган.

Скоро три децении Јелена Карлеуша е постојано присутна во медиумите и зборува отворено и за приватниот живот и за теми за кои другите не би говореле.
Сепак постои нешто за што таа скоро никогаш не коментира, а тоа е нејзиниот татко Драган.
А бидејќи Јелена ретко зборува за него, во јавноста постои мислење дека таткото и ќерката се во лоши односи.

Како потврда за ова е и фактот што Карлеуша секогаш потенцирала дека мајка ѝ Дивна е заслужна за нејзината кариера, бидејќи пред многу години позајмила пари за Јелена да може да го сними првиот албум.
„Да се прашуваше татко ми, јас никогаш не би била пејачка. Тој никогаш не ме разбирал, никогаш не го поддржувал ова што го правам.
Но, му благодарам и за тоа. На мајка ми, пак, ѝ беше јасно дека не може да ме спречи да станам ова што сум. Веруваше во мене кога беше најтешко“, изјавила пејачката своевремено.
Иако не сакал Јелена да пее, самиот тој бил тапанар во групата „Про арте“, но потоа станал полициски службеник и се откажал од музиката.

И иако можеби не ја поддржувал во однос на кариерата, тој секогаш бил покрај неа во најтешките моменти од животот.
Бидејќи Драган ретко се појавува јавно, го нарекуваат дури и „човек од сенка“.
И покрај тоа што Драган и Дивна се развеле кога Јелена била мала, токму порани неа, секогаш биле во одлични односи.
Драган бил веднаш до Јелена на погребот на мајка ѝ Дивна, а со него дошле и полубраќата на Карлеуша, односно синовите на Драган од вториот брак.
Тој е покрај Јелена и на годишните помени, кога пејачката оди на гробот на нејзината мајка.
Фото: Инстаграм
Што друго знаеме за Драган?
Роден е на 1 јануари 1947 година и веќе има 78 години.
Имал 19 години кога се оженил за мајката на Јелена.

Го сметаат за еден од шестмината најдобри инструктори за нуркање во Југославија.
Во една пригода тој изјавил дека имал тешка задача - да го извлече мртвото тело на еден од неговите нуркачи и дека ова оставило голема трага на него.
„Со години нуркам, но моментот дека треба да вадам мртов нуркач на мене остави големи последици, иако поминав многу работи низ животот.
Нуркачот се удави обидувајќи се да пронајде убиена невеста во езерото, но, не успеа“ - рекол Драган за трауматското искуство.

Тој е поранешен криминалистички инспектор, сега во пензија.
За него се знае дека ја предводел акцијата „Сабја“ за апсење на членови на српското подезмје, па влегол и во куќата на Цеца и ја уапсил пред нејзините деца.
Долги години се сметаше дека токму ова е причината за „војната“ меѓу двете пејачки, која трае и денес.
А. Ј. | Црнобело
